Оглас за вработување – Агент за продажба на недвижности

Published On: февруари 18, 2026

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Агент за продажба на недвижности

Сектор: Продажба и маркетинг

ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје

Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.

Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на  Сектор за продажба и маркетинг и отвораме позиција:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТИ

Опис на работната позиција

  • Агентот за продажба е дел од Секторот за продажба и маркетинг и работи согласно внатрешните процедури, стандарди и процеси на Golden Art.
  • Основни одговорности:
  • Активна продажба на станови и деловни простории од проектите на Golden Art.
  • Директна и професионална комуникација со потенцијални купувачи.
  • Презентирање на објекти, станови и услови за купување.
  • Водење на евиденција за клиенти, интерес и статус на продажба.
  • Работа согласно продажната стратегија по проект.
  • Почитување на внатрешните правила, процедури и стандарди за комуникација со клиенти.
  • Активно учество во подобрување на продажните процеси.

 

Потребни квалификации и способности

  • Завршено високо образование (предност, но не е исклучувачки услов).
  • Претходно работно искуство во продажба (предност е продажба на недвижности).
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
  • Способност за професионална комуникација со клиенти.
  • Организираност, дисциплина и одговорност.
  • Подготвеност за работа во структуриран и системски организиран тим.
  • Ориентираност кон резултати и квалитетна услуга кон клиентите.
  • Познавање на Aнглиски јазик, MS Office.
  • Предност: Pantheon и ClickUp.

 

Нудиме

  • Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
  • Конкурентна плата.
  • Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
  • Работа во современо поставен продажен систем .
  • Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот за продажба и маркетинг.
  • Директна вклученост во реални инвестициски проекти.

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати да достават:

Кратка биографија (CV)  на следниот  email адреса: hr@goldenart.mk

Контакт телефон: 070 236 407

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.

Рок за аплицирање: 15.03.2026 година

Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.