Од одлив на кадар до циркулација на таленти

Директорот на Golden Art, Ивица Јакимовски, учествуваше на панел дискусија на семинарот “Сознанија од четвртиот работен пакет на проектот SKILLS4JUSTICE” кој се одржа на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.
Настанот беше посветен на интеграцијата на трудовата миграција на пазарот на труд и одржливи решенија за циркулација на таленти.








