Оглас за вработување – Одговорно лице за човечки ресурси

Published On: февруари 18, 2026

Сектор:  Правен и Човечки ресурски

ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје

Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.

Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме  нашиот тим во рамки на  Сектор Правен и Човечки ресурски и отвораме позиција:

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Опис на работната позиција

  • Дисциплина и прекршоци.
  • Оценување и перфоманси.
  • Престанок на работен однос.
  • Работни досиеја и НR архива.
  • Работно време, отсуства и одмор.
  • Опрема пристапи и доверливост.
  • Организација на работна комуникација.
  • Регуртација и кадровско планирање.
  • Правна усогласеност и контрола на ризик.
  • Безбедност и здравје при работа.
  • Водење и унапредување на целокупната HR стратегија во компанијата и БЗР.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование (Правен факултет, Економски факултет, или сродна област).
  • Минимум 3 години работно искуство во човечки ресурси.
  • Предност: искуство во област градежништво.
  • Одлично познавање на Законот за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа и релевантна регулатива.
  • Развиени лидерски, комуникациски и организациски способности.
  • Способност за работа во тим.
  • Професионалност, посветеност и лојалност.
  • Познавање на Aнглиски јазик, MS Office.
  • Предност: Pantheon и ClickUp.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
  • Конкурентна плата.
  • Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
  • Работа во современо поставен систем .
  • Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот Правен и Човечки Ресурси.

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати да достават:

Кратка биографија (CV)  на следниот  email адресаhr@goldenart.mk

Контакт телефон: 070 236 407

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.

Рок за аплицирање: 15.03.2026 година

 

Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.