Голден Арт како дел од 20. Симпозиум на ДГКМ

Published On: October 4, 2023

Ни претставуваше огромно задоволство да бидеме дел од 20. Меѓународен Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), најголемиот настан од областа на градежништвото во нашата земја, кој се одржа минатата недела во хотел Хилтон.

20. Симпозиум на ДГКМ овозможи рефлексија на целокупното стекнато и применето знаење во изминатите шест децении во областа на асеизмичкото проектирање, но и дискусија за предизвиците кои претстојат.