Оглас за вработување – Инженер за контрола на квалитет

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Инженер за контрола на квалитет
Сектор: Контрола и квалитет
ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје
Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.
Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Сектор за контрола и квалитет и отвораме работна позиција:
ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА И КВАЛИТЕТ
Опис на работната позиција
- Проверка на техничка документација;
- Следење на усогласеност со интерни процедури;
- Водење регистар за контроли, записници и корективни мерки;
- Подготовка на документација за внатрешна ревизија.
Потребни квалификации и способности
- Завршено високо образование ВСС -инженерска насока.
- Минимум 3 години работно искуство во изведба,надзор и контрола на квалитет.
- Искуство со техничка документација.
- Високо ниво на организациски и аналитички способности.
- Познавање на Англиски јазик, MS Office.
- Предност: Pantheon и ClickUp.
Нудиме
- Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
- Конкурентна плата.
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
- Работа во современо поставен систем .
- Можност за професионален развој и напредување.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати да достават:
Кратка биографија (CV) на следниот email адреса: hr@goldenart.mk
Контакт телефон: 070 236 407
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.
Рок за аплицирање: 15.03.2026 година
Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.

