Оглас за вработување – Раководител на Сектор контрола и квалитет

Published On: февруари 18, 2026

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Раководител на Сектор контрола и квалитет

Сектор: Контрола и квалитет

ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје

Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.

Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на  Сектор за контрола и квалитет и отвораме работна позиција:

 

РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР КОНТРОЛА И КВАЛИТЕТ

Опис на работната позиција

  • Да организира и раководи со сите активности за контрола и квалитет.
  • Да воспоставува и да следи процедури.
  • Да контролира усогласеност на изведбата со: проектна документација, договори, технички спецификации и интерни процедури.
  • Да ја организира внатрешната ревизија на  сите процеси на ниво на групација.
  • Да изготвува извештаи за квалитет, отстапувања и ризици во работењето.

 

Потребни квалификации и способности

  • Завршено високо образование Градежен инженер/архитект/инженер со техничка насока.
  • Минимум 5 години работно искуство во изведба,надзор и контрола на квалитет.
  • Искуство со техничка документација.
  • Високо ниво на организациски и аналитички способности.
  • Авторитет и прецизност.
  • Познавање на Англиски јазик, MS Office.
  • Предност: Pantheon и ClickUp.

Нудиме

  • Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
  • Конкурентна плата.
  • Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
  • Работа во современо поставен систем .
  • Можност за професионален развој и напредување.

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати да достават:

Кратка биографија (CV)  на следниот  email адреса: hr@goldenart.mk

Контакт телефон: 070 236 407

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.

Рок за аплицирање: 15.03.2026 година

Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.