Оглас за вработување – Агент за продажба на недвижности

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агент за продажба на недвижности
Сектор: Продажба и маркетинг
ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје
Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.
Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Сектор за продажба и маркетинг и отвораме позиција:
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТИ
Опис на работната позиција
- Агентот за продажба е дел од Секторот за продажба и маркетинг и работи согласно внатрешните процедури, стандарди и процеси на Golden Art.
- Основни одговорности:
- Активна продажба на станови и деловни простории од проектите на Golden Art.
- Директна и професионална комуникација со потенцијални купувачи.
- Презентирање на објекти, станови и услови за купување.
- Водење на евиденција за клиенти, интерес и статус на продажба.
- Работа согласно продажната стратегија по проект.
- Почитување на внатрешните правила, процедури и стандарди за комуникација со клиенти.
- Активно учество во подобрување на продажните процеси.
Потребни квалификации и способности
- Завршено високо образование (предност, но не е исклучувачки услов).
- Претходно работно искуство во продажба (предност е продажба на недвижности).
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за професионална комуникација со клиенти.
- Организираност, дисциплина и одговорност.
- Подготвеност за работа во структуриран и системски организиран тим.
- Ориентираност кон резултати и квалитетна услуга кон клиентите.
- Познавање на Aнглиски јазик, MS Office.
- Предност: Pantheon и ClickUp.
Нудиме
- Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
- Конкурентна плата.
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
- Работа во современо поставен продажен систем .
- Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот за продажба и маркетинг.
- Директна вклученост во реални инвестициски проекти.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати да достават:
Кратка биографија (CV) на следниот email адреса: hr@goldenart.mk
Контакт телефон: 070 236 407
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.
Рок за аплицирање: 15.03.2026 година
Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.

