Зошто одбравме зелен покрив за комплексот Urban Garden?

Предностите на зелениот покрив

Зелениот покрив носи неколку бенефиции, вклучувајќи ги и економскиот и еколошкиот фактор. Зелените покриви претставуваат резервоар на вода, го прочистуваат воздухот, ја намалуваат амбиенталната температура, ја регулираат внатрешната температура, штедат енергија и го поттикнуваат развојот на флората и фауната во градовите. Овој тип на покриви спаѓаат во конструкции кои добро се прилагодуваат на климатските услови во секое годишно време. Во продолжение ќе направиме осврт на сите предности, една по една, за да ви ги појасниме причините заради кои се одлучивме да поставиме кровно зеленило во комплексот Urban Garden во населба Аеродром.

Претставува резервоар за вода

Во Скопје годишно паѓаат околу 490mm дожд, а бројот на сончеви часови е околу 2.340. Зелениот покрив ја апсорбира дождовната вода и таа се складира во растенијата, во почвата и дренажниот слој. Ова го успорува ослободувањето на водата во системот за одвод, ја прочистува дождовницата, и таа испарува низ растенијата кога температурата на воздухот е повисока. Преку одложеното ослободување во одводот, се намалува оптоварувањето на цевките, се намалува шансата за нивно преполнување и потребата за нивно чистење е поретка, индиректно намалувајќи го ризикот од поплавување.

Го прочистува воздухот

Растенијата во зелениот покрив ги филтрираат PM честичките од воздухот и го користат јаглеродниот диоксид за да ослободат јаглерод диоксид. Со зелен покрив придонесувате за прочистување на воздухот.

 

Ја намалува амбиенталната температура

Растенијата ја апсорбираат сончевата светлина и до 50%, што помага да се создаде посвежа и попријатна клима. За внатрешните клима уреди, ова значи дека клима-уредот ќе треба помалку да работи, што од друга страна придонесува за заштеда на енергија. Во глобала, на овој начин температурата на воздухот може да се намали и до  3°C.

Ја намалува амбиенталната бучава внатре и надвор

Зелениот покрив дејствува како звучна бариера за објектот. Апсорбира звук и на тој начин обезбедува потивка животна средина, и во објектот и надвор од него.

Го продолжува векот на покривот

Со зелените покриви се заштитува кровниот материјал од надворешни влијанија, како сонце, дожд, ветер и температурни промени, со што го продолжува векот на покривот за 2 или 3 пати, до 60 или дури и подолго.

Додава вредност на зградата

Природниот и одржлив изглед, во комбинација со намалувањето на енерергетската потрошувачка и продолжувањето на животниот век на покривот, значи дека самиот објект има поголема вредност, а со тоа и вашата инвестиција во стан во овој објект е поисплатлива.

Го зголемува биодиверзитетот

Градската средина неминовно еволуира и во неа доминираат асфалт и бетон. Билките, тревките, цвеќињата и останатите растенија кои влегуваат во склоп на зелениот покрив обезбедуваат живеалиште и храна за птици, пеперутки и инсекти, подобрувајќи го биодиверзитетот во градската средина.

Го подобрува чувството на добросостојба

Живеењето и работењето во зелена околина има позитивен ефект на добросостојбата на луѓето. Зеленилото поттикнува релаксација и го намалува стресот.

 

Штити од ерозија

На покриви изложени на ветер, зелените покриви го штитат материјалот кој е под нив и претставуваат слој на покривот кој е отпорен на ерозија.

 

За останатите информации околу комплексот Urban Garden, посетете не во нашите простории на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, позади Тобако 2, или јавете се на 071/225-888 и 075/225-888.

Golden Art

Дом. Не само Стан.