Кога би ви рекле да ги наброите сите особини кои ви се допаѓаат кај партнерот, листата веројатно би била навистина долга. Како и да е, тоа не значи дека стилот треба да ви се поклопува. Дури и идеалниот партнер нема секогаш да има исти потреби за просторот во кој живее како вие. Секако, и двајцата заслужувате да живеете во дом кој ќе ве исполнува. Па тогаш – што е решението?
Било да се вселувате заедно првпат, или да сте конечно подготвени да направите компромиси околу дизајнот, имаме неколку совети 🙂
Го собравме нашиот тим архитекти за да споделат со нас неколку тајни и тактики што ќе ви се корисни на двајцата. Ова се нашите главни препораки:
1.Одберете чисти линии
Барајте парчиња со природни материјали, кои генерално одговараат на сите поради чистите линии. Чисти линии не значат дека треба да одберете нешто досадно, туку само дека одбирате парче кое ќе можете да го вклопите со се и со сечиј вкус.
2. Нека биде неутрално
Кога се обидувате да задоволите повеќе вкусови, неутралното е најдобро! Секако, не велиме домот да е обичен. Да, неутралното е одлично кога спојувате различности, но не значи дека ќе биде обично и досадно. Можете да одберете гарнитура во неутрална боја, но да одберете еко-кожа или кожа кои како материјали самите по себе изгледаат моќно. Исто така, и перниците/прекривките се добар начин да му дадете живот на просторот кога поголемите работи ви се неутрални. За крај, поиграјте си со текстурите. Теписонот може да е во крем нијанса, но неговата 3D текстура ќе го направи да изгледа луксузно а просторот добива поинаква димензија.
3. „Повикај пријател“
Консултирајте ги луѓето околу вас за совет и одлучете се за она што им се допаѓа на повеќето. Ова не е само начин да ја завршите дебатата и да донесете одлука (конечно!), ова е исто така начин да го направите домот подопадлив – што ќе ја крене цената доколку понатаму решите да го издадете или препродадете станот.
4. Направете место за договор
Компромис. Ако едниот ја одбере масичката за кафе, дозволете другиот да го одбере декорот на масичката. И не се фиксирајте за нешто по секоја цена, ќе ве изненади колку нештата ќе добијат на сентиментална вредност како што минува времето.
Кога сме кај сентименталните парчиња, направете место и за нив во домот. Доколку двајцата сте поврзани со одредени предмети, одберете неколку кои навистина ви се допаѓаат и истакнете ги или најдете начин да ги искористите.
Што имаат заедничко? Каде може да се постават? На пример, карче за читање со старата столица на баба ви може да ви користи на двајцата. Можете и да направите галерија на некоја полица каде ќе ги поставите сите парчиња кои ги сакате – или заедно или одделно – секако ќе биде добра тема за разговор кога ќе имате гости!