Лоцирана на ул. „Пандил Шишков“, во населбата Аеродром, објектот GA09 е уште еден во низата енергетски ефикасни градби на кои сме горди, а најзаслужни за тоа се Вашите насмеани лица кои ги среќаваме секојдневно низ објектите кои се веќе полни со станари 🙂
GA09 е во изградба, и за објектот можете повеќе да прочитате ако кликнете тука. Токму на оваа локација, во продажба е овој дом од 67m² кој нуди сè што му е потребно на едно поголемо семејство – 2 широки спални соби, тоалет, бања, тераса и отворена дневна со кујна, остава и трпезарија.
Совршено, зар не?
Доколку ова е домот од Вашите соништа, закажете средба со нашите агенти за продажба, тие ќе одговорат на сите Ваши прашања. Сега сè што останува е да го пронајдете дизајнот кој највеќе Ви одговара, а на Instagram имаме еден тон инспирација и совети 🙂
Цена: 1.100/1.150€ за метар квадратен, во зависност од начинот на плаќање
Јавете се на 071/225-888 или 075/225-888 или повелете на информативен состанок во нашите простории на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, позади Тобако 2.
Ве очекуваме!