[:mk]Студенти, ви благодариме за довербата! Golden Art по вторпат добитник на признанието Stubrand[:]

Published On: October 21, 2017
[:mk]Се радуваме на секоја пофалба, признание, награда, но минатата година сфативме дека една од нив сепак има специјално место во нашите срца. На 18-ти октомври, во хотелот Александар Палас се одржа доделувањето на престижното признание Stubrand за 2017-та година. Пресреќни сме што втора година по ред името на Golden Art e изгравирано на една од наградите, како градежна компанија во која студентите имаат најголема доверба.

Наградата му беше врачена на нашиот генерален директор, г-дин Ивица Јакимовски, кој им се заблагодари на студентите со пораката „Вие сте нашата иднина. Во Golden Art се надеваме дека ќе успееме да задржиме што е можно повеќе од вас и дека својата иднина ќе ја гледате тука во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за вашата доверба, бидејќи таа за нас е најголема награда“.

стуб стуб1

 

 [:]