Со советите на Златко до полесно секојдневие!

Знаеше ли дека вода кај прозорците може да се појави само доколку стаклото не е професионално изработено? 

Поради тоа, во Golden Art домовите користиме само првокласни прозорци од висококвалитетниот профил Geneo од Rehau со професионално изработени четирисезонски стакла во три слоја исполенти со аргон, за најдобра изолација. 

prozorci

Појава на мувла во домот е последица од кондензација на влага на ѕидните и кровните површини. Дали знаеше дека причина за ваквата кондензација е недоволна топлинска изолација на овие конструкции?

Најчесто кондензацијата се јавува на т.н. “топлински мостови“.
Како превентива за избегнување на оваа појава, за изолација на фасадните ѕидови Golden Art употребува графитен стиропор, кој има за 20%подобри изолациски својства од обичниот, додека за покривите употребува минерална волна со дебелина поголема од 0,20m.

Со внимателно проектирани детали на сите градежни конструкции, во зградите на Golden Art не постои ни теоретска можност за појава на кондензација и мувла, за вообичаени внатрешни микроклиматски услови, односно за внатрешна температура 20 – 22°C и внатрешна релативна влажност на воздухот 60%, како и за екстремни надворешни температури од -15°C.

stiropor

Дали знаеше дека природниот гипс делува како регулатор на влага во просториите? 

Затоа во секој Golden Art дом ја користиме првокласната Diamant плоча од реномираниот производител Knauf. Благодарение на Кнауф, секој центиметар, секој квадрат од нашите објект кој е покриен со гипсена плоча, гипсен малтер или глет-маса, активно учествува во одржувањето на оптималната влажност на воздухот (40-60%) и здравјето на нашите станари.

Бидејќи заслужувате Дом. Не само стан.

gips