Во Голден Арт, секогаш работиме како да го правиме нештото за нас, а не за нашите клиенти. Размислуваме како млад човек кој е тазе вработен, размислуваме како одговорен родител кој иднината на своето семејство ја става пред сè, размислуваме како грижливи баба и дедо кои сакаат да му подарат сигурност и безбедност на своето потомство. Затоа, создаваме уникатни функционални објекти. Создаваме вистински дом, а не само стан.
Во објектот „4°“ ќе ja најдете понудата за најбараните, а најретки станбени единици во Скопје – компактните двособни станови со идеалниот баланс: доволно мал за да не биде скап, доволно голем да нуди убав и комфорен живот.
Во комплексот „4°“ ние ви нудиме совршен распоред, енергетска ефикасност, сигурност и безбедност на еден модерен идеален двособен стан. Дневна соба која буквално „се капе“ во денска светлина и имате преглед врз трпезаријата и кујната, како и оптимално широко претсобје како прв впечаток доволен за љубов на прв поглед. Бањата во овие двособни станови е доволно комфорна, нешто кое е многу тешко изводливо во помалечките станови, а она што е исклучително внимателно осмислено и практично реализирано е поврзаната тераса со дневниот престој и спалната соба – вашето светилиште на одморот и интимата.
Дополнителна аура и магичност на овие станови нудат огромните прозорски вертикални отвори кои придонесуваат за оптимална дневна светлина и позитивна смирувачка атмосфера. Источната поставеност на овие станови нуди природна синхронизација со вашиот биоритам – светлината која доаѓа од исток е најприродна за целокупниот физички и психички развој на човекот. Отворениот поглед е како од рекламните спотови – започнувањето на денот и секое ново изгрејсонце е пред вас и ве исполнува со оптимизам.
Погледот кон околината е отворен, но вашата безбедност од околината е затворена и сигурна приказна. Принципот на затворен комплекс нуди идеална заштита и сигурност за вас и вашето семејство. Затворени заеднички простории за безбедност на вашите хоби елементи како велосипедите на пример. Ваше е само го уредите и исполните овој простор со вашата убава животна приказна! Четири е убав број зарем не?
За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.
Локација: Аеродром
https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6
Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Корисни информации за објектот: https://www.goldenart.mk/katalog-komplekt-4/
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А