Потрагата по нов дом е долг и исцрпен процес. Саемот на градежништво и недвижности кој ќе се одржи од 28.02 до 04.03 и оваа година ќе има задача да ги поврзе купувачите со градежничкиот сектор, правејќи ја понудата подостапна и попрегледна од кога и да е!
И овој пат вниманието е насочено кон компанијата Golden Art. Дознавме дека повторно ќе го имаат најкреативното решение меѓу штандовите, комбинирајќи ја модерната технологија со врвниот квалитет за кој компанијата се залага со генерации. Хитот оваа година – посетителите ќе имаат можност да зачекорат директно во своите идни домови со помош на уредите за виртуелна реалност – без брошури, скици и останати слични помагала!
Од прва рака ќе се презентира и Golden Art системот. Единствен на пазарот, претставува уникатна комбинација на првокласни материјали од врвни производители, гаранција дека купувачите го добиваат апсолутно најдоброто. Пaртнерските компании за производство на материјали, како Рехау, Кнауф, Баумит, Кема, Нексе, ТКК, Идеал Стандард, Метрон и други, ќе може да ги видите само на штандот на Golden Art и на ниту едно друго место на саемот.
Забележете ги датумите и посетете ги Golden Art. Бидејќи го заслужувате најдоброто и заслужувате дом. Не само стан.
Преземено од: Фактор.мк
Извори: Паника.бе, Вистина.мк, Мкд.мк, Курир.мк, Плусинфо.мк, Црнобело.ком, Точка.ком.мк, Еденнаеден.мк, Скај.мк