Умешноста при уредувањето е во комбинирање на луксузното и обичното, старото и новото. Кога сте ограничени со простор, од клучна важност е да ставите акцент на практичноста пред естетиката.
Овој стан од 51м2 е одличен пример за декорирање без многу финансиски трошоци. Со основа од нијанси на белата боја надополнети од најразлични детали во црна, сива и топли бои, просторот делува удобно, а сепак стилски.
Одличен ефект е постигнат со разликата меѓу текстурите и материјалите – од метал до волна. Интересен печат на просторот даваат светилките во најразлични форми и во комбинација со металните детали давааат специфичен одблесок.
Подот е светол, од природно дрво и дава топлина на просторот, како и растенијата кои ги има на повеќе места низ домот.
Во спалната како интересен детаљ, поставена е дрвена скала за облеката чие место не е ниту во гардероберот, ниту во машината за перење. Убава замена на справите за вежбање 😀
Бањата е декорирана во неутрални тонови, со површини кои се лесни за одржување и чија боја прави просторот да изгледа пошироко.