Општествена одговорност

• Одговорното работење за нас не значи само изградба на безбедни, енергетски ефикасни и квалитетни објекти – туку и континуирана грижа за општеството и околината.

• 
Заштита на животната средина, Станбено-деловните објекти на Golden Art се први во Македонија со воведено хортикултурно уредување. Заедничките простории се декорираат и уредуваат со зеленило, што придонесува кон разубавување на изгледот на комплексите и зачувување на природата и урбаното зеленило.
 


• Енергетска ефикасност. Секој Golden Art дом припаѓа на енергетска класа А. Овие објекти овозможуваат и до 60 % заштеда на електрична енергија во текот на годината. Со тоа се намалува потрошувачката на природни ресурси и се овозможува поекономичен и еколошки начин на живеење.
 


• Поддршка на спортот и младите. Инвестираме во развојот на македонскиот ракомет и активно се вклучуваме во создавање услови за нови таленти. На тој начин придонесуваме за унапредување на спортот и за поддршка на младите генерации.
 


• Golden Art отсекогаш бил тука за заедницата:
 
за време на ковид-кризата помогнавме со обезбедување респиратори,
при поплавите во Стајковци интервениравме со сопствена механизација,
сме помогнале на голем број хуманитарни организации и иницијативи,
вложивме во изградбата на православен храм во паланечко Милутинцe.


• Овие активности се дел од нашата долгорочна визија – да градиме не само квалитетни објекти, туку и подобро општество за сегашните и идните генерации.