Награди и признанија
Награда за македонски квалитет
Golden Art е добитник на признанието „Македонски квалитет“, кое секоја година го доделуваат кабинетот на претседателот на Р Македонија и Сојузот на стопанските комори (ССК).
Драго ни е што се наоѓаме меѓу малкуте компании почестени со ова признание. Квалитетот се одржува само со посветеност, а целиот Golden Art тим е максимално посветен на тоа секому да му понуди ДОМ, не само СТАН.

Stubrand награда
Студентите се иднината на Македонија! Чест ни е што токму од нив ја добивме довербата како општествено одговорна компанија и го добивме признанието Stubrand четири години по ред, во 2016, 2017, 2018 и 2019.


