Централното место во дизајнот на овој дом го имаат дрвените панел-елементи кои ги покриваат ѕидовите, а соодвествуваат и со изборот на под во целиот дом.
Станот има површина од 57 метри квадратни и една спална соба, и има дизајн кој се одликува со строги линии и едноставен избор на бои, совршен за млад брачен пар со брз начин на живот кој сака да ужива во заедничкото време поминато во домот.
Распоредот во дневната соба е отворен, без ѕидови помеѓу делот за седење, јадење и готвење. Сивата боја која е одбрана за основна и доминантна, ја освежуваат дрвените елементи, мекиот килим и зачините кои се засадени во малечки саксии во самата кујна.
Дизајнот на спалната соба ги следи линиите на останатиот простор, а во неа дополнително е поставено и малечко биро, за оние денови кога морате канцеларијата да си ја пренесете дома.
Уживајте во галеријата: