Една од најголемите дилеми што ги спречува луѓето да го украсуваат малиот простор е употребата на бои. Урбаната легенда која вели дека бојата ја прави собата да изгледа помала е заснована на само еден мал дел од фактот што може комотно да се занемари. Бојата е еден од најдобрите начини да се дефинира просторот. Ајде да погледнеме неколку начини како можеме да ја користиме бојата мудро во мали простории.
„Разводнете“ ја границата помеѓу две простории со тоа што и двете ќе ги бојадисате со една тема на боја.
Оваа техника се применува на просториите што се отворени едни кон други – на пример кујна и дневна соба, или пак за простории кои се наоѓаат во иста линија.
Дневна соба со трпезарија, кујна со трпезарија, спална со мала работна соба можат да имаат корист од овој начин на бојадисување. Ако имате омилена комбинација на бои, размислете како да ја искористите на сите „јавни“ места во станот – дневна соба, кујна, трпезарија, ходници и бањи – за да одржите визуелен тек низ целата куќа.
Користете ја бојата за да создадете ефект на длабочина. Оваа мала дневна соба во стан во Њујорк покажува како да ги користите боите за да додадете длабочина во просторот. Првобитно белиот ѕид во кујната изгледаше анемично; недостатокот на боја визуелно го израмни просторот. Погледнете како само една нијанса на крем боја на два од ѕидовите направи разлика во атмосферата.
Ако сте храбри при изборот на боите, бојадисајте еден ѕид во сина боја во дневната соба, а влезната врата офарбајте ја со црвена. Белиот фрижидер поставете го во агол така што ќе создаде ефект на хоризонтална линија која визуелно ги одделува ѕидовите така што просторијата нема да изгледа помала отколку што е.
Бојадисување на ѕидот во различни тонови на бојата е уште еден трик за додавање на визуелна длабочина.
Тоа е особено корисна техника кога имате голем ѕид за покривање; единствена боја – било кој боја – може да направи ѕидот да изгледа рамно и масивно, или шарениот тапет само ќе ја „пренатрупа“ собата. Пробајте да користите нежни тонови на бои кои се вклопуваат со мебелот и визуелно се ненаметливи па можете да ја видите целата соба, а не само ѕидот.
Доколку преферирате Вашите ѕидови да бидат неутрални, одберете една боја за сите ѕидови во просторијата. Ако ѕидовите се еднобојни, разиграјте го просторот со розеви перничиња на гарнитурата, шарена табуретка или уметнички слики на ѕидовите.
Користете ги мудро боите, и верувајте дека белата боја нема да доминира над нежните и неутрални нијанси. Уште еден совет: слободно бојадисајте поголем простор со избраната боја, не се концентрирајте само на мал простор.
Доколку сте љубител на исклучиво бели ѕидови – на пример во бањата, само додадете мала варијација на белата боја за да го засилите ефектот.
Тон по тон, нијанса по нијанса и на едноставен начин вашиот простор ќе добие нов впечатлив изглед. Собите сѐ уште ќе изгледаат неутрално, но малите тонски разлики во боите ќе создадат ефект на длабочина без да направат хаос во просторот.