Како да го уредите новиот дом и притоа да заштедите?

Вселувањето во првиот нов стан е голема работа. Така е и листата со потсетник што се треба да се направи, особено ако почнувате да уредувате од нула. Уредувањето на нов стан бара претходно добро размислување и планирање. Овие идеи за уредување на станот Ви ги даваме заедно со шопинг листа за да можете да започнете да купувате и уредувате веднаш. Шопинг листата се фокусира на елементите кои треба да ги набавите за секоја соба што создаваат најголем ефект за најприфатлив буџет.

Кога се вселувате во нов стан, вашата прва задача е да одберете две простории што ќе ви бидат приоритетни. Дневната соба и спалната соба најверојатно се двете најважни места во домот. Тие, исто така, може да бидат и двете соби кои бараат најголема инвестиција. Без оглед со која просторија сакате да започнете прво, визуелизирајте како ја користите истата. Фокусирајте се на квалитетот, не на квантитетот. За да започнете, погледнете ги овие идеи за уредување кои ние ви ги даваме како инспирација.

Општи идеи за уредување на станот   

living

Постојат неколку елементи за кои треба да размислите да ги додадете во секоја соба во станот. За нив не е потребен голем буџет, а прават голема разлика во изгледот на собата.

Шопинг листа:

Завеси/ролетни за прозорците

Светлечки елементи

Завеси/ролетни за прозорците:

Ништо не го прави просторот да изгледа незавршено како голите прозорци. Да не спомнуваме дека ќе немаме приватност. Без разлика дали ќе одите со ролетни или едноставни завеси, осигурајте се да ги декорирате сите прозорци во вашиот нов стан. Не знаете какви завеси да одберете? Изберете едноставни неутрални нијанси. Секогаш можете да додадете втора завеса со геометриски принт или пастелна боја.

Осветлување:

Замена на здодевните светла може да направи голема разлика во тоа како вашата соба изгледа и функционира. Некои идеи за осветлување се:

Висечки лустери

Ѕидни лампи

Лампи за на маса

Подни светилa

Лед светла

Според правилата за декорирање на простор, обидете се да имате два различни извори на светлина во секоја соба. На пример, додадете подна ламба и надземно светло во вашата дневна соба, лампа за на маса и висечки лустер во вашата спална соба и надземно светло во кујната.

Купете ги сите светлечки елементи одеднаш за да се создаде чувство на проток на светлина во Вашиот дом. Ако сте доволно вешти, можете сами да ги инсталирате.

Идеи за декорирање на Вашиот нов влез

r-entry

Дали го дизајниравте Вашиот нов влез? Користете го просторот така што ќе му додадете некои нови

функции.

 

Шопинг листа:

Тесна масичка, полица или клупа

Огледало

Куки за ѕидот

 

Тесна масичка или клупа

Влезната врата е место каде што стојат Вашите клучеви, чанти или пошта. Побарајте елемент кој има дополнителен простор за скадирање како фиоки или полици. Ако ви треба место да седнете за да ги соблечете или облечете чевлите, размислете за додавање клупа или мало столче до влезна врата. Изберете тесен елемент со подвижни полици за да можете да ги чувате вашите чевли без да ви зафаќаат дополнителен простор во ходникот.

 

Огледало

Закачете огледало до влезот во Вашиот дом. Огледалото додава вертикална висина и Ви овозможува уште еднаш да го проверите Вашиот изглед пред да излезете од домот. Огледалата, исто така, визуелно го прошируваат малиот простор.

 

Куки на ѕидот

Додајте серија куки до Вашата влезна врата да можете тука да ги закачувате палтата и торбите. Ако имате помали работи како чадори или капи, обесете една поголема платнена торба на куките за да можете да ја наполните со помалите работи.

 

Идеи за уредување на дневната соба

west-elm

Размисливте ли како ќе ја користите дневната соба? Веројатно ќе ви треба гарнитура каде што ќе можете да здивнете од напорниот работен ден.  Дали ќе има ТВ во дневната соба? Ако да, тогаш каде ќе поминуваат каблите?

 

Шопинг листа:

Гарнитура

Масичка за кафе

Уметнички изглед на Вашите ѕидови

ТВ / библиотека

 

Гарнитура

Гарнитурата е ѕвездата во дневната соба, па внимателно вложете во неа. Добро е да се избере најголемата што може да се вклопи во просторот. Не се секирајте ако имате мала дневна соба; има мали гарнитури кои се исто толку стилски и удобни како и поголемите. Ако вашито буџет е ограничен, можете да набавите и стара или веќе користена гарнитура. Постарите или користените гарнитури најчесто се квалитетно изработени, и секогаш можете да ја претапацирате за да ја освежите.

 

Масичка за кафе

Следното парче што треба да се разгледа и треба да служи за двојна намена е: масичка за кафе. Не се чувствувајте ограничени со зборот “маса”, тоа може да биде и некој помал елемент кој ќе послужи за соодветната намена. Доколку дозволува просторот, одберете тесна, правоаголна масичка, која ќе послужи и како клупа.

 

Уметнички изглед на Вашите ѕидови

Веројатно имате голем бел ѕид зад вашата гарнитура. Ако го изнајмувате станот, сликањето или лепењето на ѕидот можеби нема да биде возможно. Сепак, стратешки поставување на збирка на предмети или врамени фотографии, во галериски стил, може да биде сѐ што ви треба. Алтернативно, можете да закачите таписерија на ѕидот за да додадете боја и текстура во вашата дневна соба.

 

ТВ

Држачот за ТВ може да биде одлично мебел парче кое можете да го вклучите во вашата првична декорација на дневната соба, дури и ако ѕидно го монтирате телевизорот. Овој елемент додава повеќе простор за складирање во вашата дневна соба. Изберете тесен стил со многу полици, врати и фиоки за оптимално користење на просторот.

 

Идеи за декорирање на кујната

studio-kitch

Овој простор можете да го дизајнирате како мало место за појадок или како пространа кујна со шанк и бар столици. Без оглед на што ќе се одлучите, постојат неколку основни елементи потребни за изработка за Вашата трпезарија и кујна.

 

Шопинг листа:

Маса и столици

Украсен чаршаф за маса

 

Маса и столици:

Одберете маса која може да служи за повеќе цели и често ќе ја користите. Купете соодветна маса, и доколку не можете да си дозволите повеќе, купуте столици од продавница за „втора рака“. Ако вашата кујна ќе служи како место на кое ќе јадете, тогаш размислете за додавање на висока бар маса наместо маса за јадење. Повисока маса може да послужи како за јадење, така и за подгвотвка на храна или како мини канцелариски простор.

 

Украсен чаршаф за маса

Долгата ткаенина ќе даде посебен стил на Вашата маса. За разлика од стандардниот чаршаф, кој ја покрива целата површина, украсниот чаршаф може да биде во форма на лента и да прекрива само дел од масата со што ѝ дава ефектен изглед. Со украсен чаршаф многу лесно може да се додаде нов дизајн и да се направи изгледот на вашата маса поинтересен.

 

Идеи за декорирање на спалната соба

bedroom-1

Вашата спална соба треба да биде Ваше светилиште. Потрудете се да го одржите просторот смирувачки. Не паѓајте во стапицата да купувате цела спална соба; подобро е да имате еден квалитетен кревет и една или две ноќни масички отколку преоптоварена спална соба.

 

Шопинг листа:

Душек

Узглавје

Ноќни масички

Организација на Вашиот плакар

 

Душек

Инвестирајте во најдобриот и најудобниот душек што можете да си го дозволите. На крајот на краиштата, ќе поминете повеќе време на вашиот душек од каде било во вашиот нов стан. Зачувајте ја вашата креативност за буџетирање за остатокот од собата.

 

Заглавје

Заглавјето е кул, модерено и совршено за мали спални. Дури и ако немате простор или буџет за креветот, никогаш не прескокнувајте го заглавјето; го комплетира изгледот на вашата спална соба како ништо друго. Ако буџетот е „тесен“, проверете ги овие идеи за узглавје.

 

Ноќни масички  

Во зависност од големината на вашата нова спална соба, можете да изберете помали или поголеми ноќни масички. Не мора да бидат пар масички; препуштете се на креативноста  и направете инетересен дизајн од нив.

 

Организација на Вашиот плакар

Ако не го користите вашиот плакар ефикасно, облеката, чевлите и разни предмети неизбежно ќе завршат расфрлани во спалната соба. Неколку елементи за организација на плакари треба да се земат предвид:

 

Висечки организер на чевли (одличен за повеќе намени)

Кутии

Решетки

Куки

За повеќе идеи за тоа како да го организирате вашиот плакар, особено ако е мал, проверете ги овие идеи за мали плакари и за простор без плакари.

 

Започнете со овие најважни работи и живејте со нив некое време. Додека го запознавате вашиот нов стан, ќе добиете идеи за тоа што друго ви е потребно. Продолжете да го дотерувате вашиот простор со повеќе предмети, како што ви дозволува буџетот. Кои соби ќе ги декорирате прво во вашиот нов стан?