Ја испративме 2017 заедно со вработените и најблиските

IMG_5817

Не постои поубав начин да ја завршите годината, отколку во друштво на најблиските, а во нашиот случај – тоа е целото Golden Art семејство. Огромно семејство и не можеме да сме посреќни за тоа!

Во понеделник, на 25.12.2017 се собравме заедно да прославиме за се’ што заедно остваривме во 2017, и да заокружиме уште едно успешно поглавје од нашата заедничка приказна. Ако денот по утрото се познава, тогаш и од 2018-та можеме да очекуваме убави нешта – нови насмеани лица на станари, нови станови кои се вистинско ремек дело, нови стандарди кои се тешко допирливи за останатите, но и нови цели и стремежи за периодот кој доаѓа!

Изненадување на вечерта беше новиот член на тимот, со кој наскоро ќе ве запознаеме. Сигурни сме дека ќе ве радува колку и нас!

Традиционално, Жаре и нашите директори ги поделија и наградите за вработени на годината:

  • Најдобар вработен во администрација: Ана Пановска Докузовска
  • Најдобар вработен во оператива: Никола Илоски
  • Најдобар вработен во возен парк: Даниел Трајчевски
  • Најдобар подизведувач: ДАСТ Инвест
  • Најдобар добавувач: ЈОДИ
  • И за крај, една посебна награда за човекот кој 24/7 е задолжен за надзор, мотивација, критика, поддршка и совети: нашиот Ванчо Јакимовски, без кој Golden Art не би постоел.

Вечерта ја завршивме со добра музика и одлична дружба! За крај, од целиот тим на Golden Art, Ви посакуваме многу здравје, љубов и насмевки секој ден од годината која доаѓа. Ви благодариме за поддршката! Среќни празници!