Историја
Golden Art е продолжение на семејната традиција што се протега низ четири генерации и повеќе од 20 години активно искуство во градежништвото.
Од изградбата и обнова на манастири и цркви во источниот дел на Македонија, преку бројни објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион, па сè до непроценливото искуство стекнато на градилиштата во Германија – вложениот труд и знаење на нашите предци претставуваа темелот за создавање сопствена градежна компанија.
Приказната на Golden Art почна во 2005 година. Денес, зад себе имаме над 100 комплетирани објекти во Македонија, Црна Гора, Италија и Австрија.
Она што нè издвојува е фактот што целосно го покриваме процесот на градба – од идеен нацрт и план, преку изведба со сопствен Golden Art систем за градба и врвни материјали, па сè до финалната реализација. А за целосна грижа на клиентите и по предавањето на клучевите, преку нашата компанија Dom 365 обезбедуваме врвна aftercare услуга.
Нашата мисија отсекогаш била да изградиме бренд кој ќе поставува нови стандарди во високоградбата, ќе биде синоним за квалитет и ќе остане посветен на општеството и идните генерации.
Golden art

