Добредојдовте во овој стан со пет соби, сместен во предградието Васастан во Стокхолм, барем виртуелно 🙂
Доколку редовно нè читате, знаете дека скандинавскиот стил ни е еден од омилените, од еден тон причини. Почнувајќи со блескавата светлина и чистите линии кои го прават просторот да изгледа средено и широко, па се до употребата на природни материјали, како дрвените паркети и каменот – се чини дека секој простор уреден во овој стил е полн погодок!