Новите предизвици секогаш ни претставуваат огромно задоволство!
Препознатливиот квалитет доаѓа на нова локација. Овојпат, го прошируваме нашето портфолио со објект во Општина Гази Баба.
Ви го претставуваме објектот Entrada, помал, интимен објект кој на своите станари ќе им понуди квалитет по поволна цена, на лесно пристапна локација.
Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Корисни информации за објектот:
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А
Google Maps локација: кликнете тука
Катност:
- Bлез 1: приземје + 5 ката + поткровје
- Влез 2: приземје + 4 ката + поткровје
Број на станови: 34 во 2 влеза
Површини на станови: 26,6 до 61,2m²
Почеток на градба: август 2021
За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.
25.04.2023
25.01.2023
Објектот влегува во завршна фаза. Становите се комплетирани, во моментов се местат клими во станови. Целата зграда е поврзана со струја и вода. Поставени се огноотпорни врати по спратови, се комплетираа и оградите по балкони. Во моментов се работи на уредување на дворот.
22.11.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. На западната страна од фасадата се нанесува мрежа и лепак, додека на 3 и 4 кат се работи на монтирање на санитарија. Во вториот влез е поставен паркет до 5 кат, а пак во првиот влез е поставен само на 5 и 6 кат.
25.10.2022
Започнавме со поставување на блиндор врати на 1 кат, додека на 2 кат се поставени каси за врати.
15.09.2022
Работиме со супер темпо на објектот. Становите од 1 до 4 кат се молерисани со 1 рака, додека на 5 кат се работи на глетување на плафони и ѕидови.
06.09.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. На 3 кат се работи на шмирглање на ѕидови, на 6 кат се поставуваат плочки, а по ходниците се поставуваат гипс облоги. На фасадата на јужната страна се поставува стиропор.
17.08.2022
Работиме со супер темпо на објектот. Ја комплетиравме цементната кошулица во целиот објект, со поставување на плочки сме на 5 и 6 кат. Започнавме со лепење на стиропор на западната страна на фасадата како и со шмирглање на ѕидови во станови и моментално се работи на 1 и 2 кат.
17.08.2022
12.07.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. Започнавме со нанесување на цементна кошулица и сме до 2 кат. На првиот кат се отпочна со поставување на плочки во кујни, додека пак во купатилата се нанесува изолација. На 4 кат се работи на затворање на гипсани облоги во ходници.
23.06.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. На фасадата на северна страна е нанесена втора рака лепак. Се прави припрема за кошулица на 1 кат, На 3 кат се работи на бандажирање на гипсани облоги во станови. Припрема за поставување на метални конструкции за гипс во ходници. Поставени хидрантски ормари во влезови.
15.06.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. На северната страна се работи на нанесување на мрежа и лепак на фасада. На 3 кат се работи на исполна на греди и столбови, на 4 кат се поставуваат лајсни на столбови и греди, додека пак низ целиот објект се поставуваат вертикали за водовод, а до 2 кат се поставени и водомерите.
06.06.2022
18.05.2022
На објектот се работи активно на повеќе позиции. На 4 кат се нанесува гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови. На 5 кат се работи на каблирање во станови, а пак на последниот кат се работи на спроведување на инсталација за клима за греење и ладење.
12.05.2022
На објектот се работи на неколку позиции. На 2 кат се нанесува гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови, додека на 3 кат се поставуваат лајсни. На 4 кат се работи на каблирање во станови, а пак на 5 кат се работи на спроведување на инсталација за клима за греење и ладење.
05.05.2022
На објектот се работи на машинско малтерисување со гипсан малтер МП 75 на ѕидови во станови на 1 кат, на 2 и 3 кат се поставуваат внатрешни казанчиња во купатила, а исто така се спроведува и инсталација за клима за греење и ладење.
20.04.2022
На објектот се поставени прозори до 6 кат, а се работи и на спроведување на електрика по станови и започнавме со машинско малтерисување со цементен малтер на кујни и купатила на 1 кат.
12.04.2022
На објектот се поставени прозори до 4 кат, а се работи и на спроведување на електрика по станови.
16.03.2022
Комплетирана ѕидарија на целиот објект. Спроведување на вертикали за одвод и развод по плафони во купатила.
23.02.2022
Ѕидање на фасадни и внатрешни ѕидови на 4 и 5 кат. Лимарско покривање на на кров.
10.02.2022
Комплетирање на ѕидарија на 2 кат и припрема за ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 3 кат. Ѕидање на парапети на балкони на 1 кат. Изолација на корита на кров.
02.02.2022
Зидање на фасадни и преградни ѕидови на 2 кат, правење дупки за вертикали за одвод на 3 кат.
20.01.2022
Правење опшивки на вентилациони отвори и ѕидарија во машинско оделение на кров. Ѕидање на фасадни и преградни ѕидови на 1 кат.
28.12.2021
Комплетирана е изградбата и на последната плоча, започнавме со фасадна ѕидарија на 1 кат.
25.11.2021
Армирање и припрема за бетонирање на столбови кон кровна плоча.
18.11.2021
19.10.2021
Шаловање на плоча на кота 3.60.
13.10.2021
30.09.2021
22.09.2021
Шаловање и припрема за бетонирање на ѕидни платна и плоча на кота -2.65.
16.09.2021
Припрема за бетонирање на темелни стопи и темелни греди како и дел за подна плоча.
09.09.2021
02.09.2021
Армирање и бетонирање на темелни стопи.
24.08.2021
Започнавме со ископ за поставување на темелите на објектот.