Оглас за вработување – Одговорно лице за човечки ресурси

Сектор: Правен и Човечки ресурски
ГОЛДЕН АРТ ДОО – Скопје
Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.
Како дел од континуираниот развој на системот и професионализацијата на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Сектор Правен и Човечки ресурски и отвораме позиција:
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Опис на работната позиција
- Дисциплина и прекршоци.
- Оценување и перфоманси.
- Престанок на работен однос.
- Работни досиеја и НR архива.
- Работно време, отсуства и одмор.
- Опрема пристапи и доверливост.
- Организација на работна комуникација.
- Регуртација и кадровско планирање.
- Правна усогласеност и контрола на ризик.
- Безбедност и здравје при работа.
- Водење и унапредување на целокупната HR стратегија во компанијата и БЗР.
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование (Правен факултет, Економски факултет, или сродна област).
- Минимум 3 години работно искуство во човечки ресурси.
- Предност: искуство во област градежништво.
- Одлично познавање на Законот за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа и релевантна регулатива.
- Развиени лидерски, комуникациски и организациски способности.
- Способност за работа во тим.
- Професионалност, посветеност и лојалност.
- Познавање на Aнглиски јазик, MS Office.
- Предност: Pantheon и ClickUp.
Нудиме:
- Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија.
- Конкурентна плата.
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности.
- Работа во современо поставен систем .
- Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот Правен и Човечки Ресурси.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати да достават:
Кратка биографија (CV) на следниот email адреса: hr@goldenart.mk
Контакт телефон: 070 236 407
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.
Рок за аплицирање: 15.03.2026 година
Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.

