Двособните станови во ЕНТРАДА – комфор и зеленило по нај достапна цена

Веројатно нема жител на нашата земја кому не му е позната теракотната и незаборавна претстава на божицата Мајка (Magna Mater). Оваа импресивна теракотна фигура потекнува од археолошките наоѓалишта на територијата на денешната општина Гази Баба правејќи ја најстаро населено место во земјата, континуитет од човечко присуство од над 6 милениуми. Сигурно е со причина нели? Денешната општина Гази Баба го носи епитетот најзелена општина во нашата метропола, благодарение на заштитената со Закон – парк шума во срцето на оваа населба. Едноставно – кислородната соба на Скопје.  Денешниот  „Ентрада“ објект за домување од „Голден Арт“ е нашата долго замислувана желба, да изградиме интимен и ултра модерен и ефикасен мал комплекс за домување во оваа зелена оаза, за сите оние кои го сакаат „Голден Арт Системот“ на градба и неговите предности, но имаат поскромни финансиски можности.
Едноставно, мирот и својот спокој го гледаат во оваа стара и убава скопска населба.

Нашите двособни станови од 47 метри квадрати во „Ентрада“ се  најбараните станбени единици и во овој момент достапни се само уште четири од нив. Проектирани и изведени со Голден Арт Системот на градба,  тие се одлична инвестиција во вашиот посмирен, поекономичен и поздрав начин на живот. Едноставно совршен стан – доволно комфорен за вас и вашиот партнер, доволно економичен да не ви претставува никаков терет неговото тековно одржување или исплата.

Најголем дел од нашите задоволни клиенти, а ваши идни комшии кои веќе се сопственици на ваков стан го говорат истото како нивен прв впечаток: „Проектирањето, замислата и изведбата на овие двособни станови е толку добра, што вие имате чувство дека се наоѓате во трособен или четворособен стан!“ Едноставно не ви се совпаѓа цената за она кое го добивате назад, а мораме да признаеме дека не многу прилики во животот се такви – премногу добро за да биде вистинито.

Ниедна просторија не е ускратена за ништо, дури и оние кои „страдаат“  најмногу при ваквите компромиси – бањите или претсобјата, овде тие доаѓаат во делукс издание и се навистина комфорни. Терасата ви е достапна од дневниот простор и од спалната, а споените кујна и трпезарија со дневниот простор ви дава чувство како да живеете во голем пентхаус – се ви е на дофат од вашиот поглед,  максимална функционалност и естетика. Во време на континуирани ценовни шокови, сметаме дека сме должни да ви напоменеме дека во Ентрада објектот приклучокот на централно греење обезбедува максимална ефикасност. Едноставно грејната сезона заедно со квалитетната изолација која ја нуди Голден Арт Системот на градба за вас е најефтината можна варијанта.

„Ентрада“ покрај својот естетски дизајн е максимално комплементарен и функционален објект, па така од вашиот дом до вашиот автомобил ве дели само модерниот лифт, а доколку сакате да се раздвижите наутро, скалиштата кои ве водат до подземниот паркинг или главниот влез се како хотелско лоби од романтичен филм. Зелено пролетно утро полно со кислород во најзелената скопска Гази баба, деловните простории под вас штотуку отвораат и се отпоздравувате и си посакувате убав ден. „Ентрада“ – влезот во вашата зелена оаза на чекор од срцето на градот.

Корисни информации за објектот:
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А
Google Maps локација: кликнете тука
Катност:

  • Bлез 1:приземје + 5 ката + поткровје
  • Влез 2:приземје + 4 ката + поткровје

Број на станови: 34 во 2 влеза
Површини на станови: 26,6 до 61,2m²