Во населбата Карпош 2, на улицата Орце Николов спроти Машинскиот факултет, на една од апсолутно најатрактивните локации во Скопје деноноќно се работи на реализација на новата Golden Art зграда.
Овој објект ќе биде дом за околу 120 семејства. Зградата ќе има 8 ката плус поткровје, и нуди станови со квадратура од 38m² до 105m². Идеален распоред и идеална локација, со врвен квалитет на градба.
Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.
Понудата и скиците на становите може да ги најдете тука.
Вашата доверба е нашата најголема мотивација!
14.08.2017
Денот кој сите го очекувавме со нетрпение! Нашата нова убавица ги отвори вратите за новите сопственици на станови, а ние бевме таму да им честитаме, да ги запознаеме и да им ги доделиме клучевите. Сите фотографии погледнете ги на нашата Facebook страница. Честит почеток! [facebook_post url=”https://facebook.com/media/set/?set=a.1176053702496551.1073741843.409910712444191&type=3″ width=””]
23.08.2017
Објектот наскоро ќе заблеска во полн сјај! Нашиот тим работи на завршните детали и финеси, а потполно готов е и паркинг-просторот за Вашите возила.
21.07.2017
Фасадата е веќе готова! Се приближуваме кон финалниот изглед и отворањето на објектот.
13.07.2017
Направен е приклучок со водоводната мрежа, во моментов се прави приклучок на фекалната канализација. На ламела 3,19 завршена е обработката на фасада со Фундермакс плочи, а на ламела 3,18 се работи на јужната страна.
11.07.2017
Се поставува мермер на скали пред влезови. Фасадата се обработува со Фундермакс на јужната страна, сите други страни се завршени.
01.07.2017
Становите се подготвени! Во тек е поставување Фундермакс плочки на западната страна од зградата, како и завршна обработка на фасада на приземје кај влезовите. Се комплетира поставувањето на мермер околу лифтовите на деветти кат на ламела 3,18. Остатокот од зградата е подготвен и по завршувањето на финалните детали ќе се подготвуваме за официјално отворање на објектот.
06.06.2017
Во тек е поставување на мермер на ѕидови околу лифтовите на 1 кат на ламела 3,19. На ламела 3,18 се поставува мермер на скалила на 7 кат. Се работи и на спуштените плафони и гипс опшивки околу ормари во влезовите. Се поставува фундермакс фасада на северна страна и се комплетираат делови на фасадата со абриб на јужната страна.
31.05.2017
Во тек е изработка на фундермакс фасада на северната страна. На ламела 3.19 е комплетирано поставувањето на мермер во ходниците и по скалите. На ламела 3.18 се поставува мермер пред лифтовите и скалите. На истата ламела е поставен паркет во сите станови, поставени се штекери и ѕидовите се финално обработени. Во тек е поставување светло на балконите.
23.05.2017
При крај е поставувањето на мермер во ходниците на ламела 3,19, а исто така и на первазите и касите за влезните врати на петти и шести кат. Се поставуваат алуминиумски држачи за стаклените огради на балконите. Во тек е втора рака молерисување на становите на шести кат. Се монтираат внатрешните врати на осми кат и кабините за лифтови на ламела 3,19. Поставени се држачи за фасада на сите делови од објектот.
20.05.2017
Се поставува мермер на скалите на прв кат на ламела 3,19. Се монтираат надворешните панели и первази на вратите на прв и втор кат. Нашиот тим ги поставува и алуминиумските држачи за стаклените огради. Се обработува дел од фасадата со абриб. Се прави припрема за монтажа на струјомери. Се поставуваат ормари за хидрант и ормари за парно и вода.
12.05.2017
На ламела 3,19 во тек е монтажа на преден панел на блиндор вратите од домовоите на четврти кат. Се монтираат противпожарни врати на петти и шести кат. Во тек е и глетување ѕидовите во ходници на сите катови. Се чистат становите од први до трети кат, се комплетираат мермерните парапети на северната страна.
На ламела 3,18 се поставува паркет на седми кат, а се поставуваат и паркет лајсни на четврти кат. Во тек е финално молерисување на становите на трети кат и лепење мермер во ходниците на втор кат. Се испитува струјата по станови на трети и честврти кат. Комплетно е монтирана вентилација за довод и одвод на воздух во гаражите.
07.05.2017
Во тек е завршна обработка на фасада на дел од јужната страна. На ламела 3,19 во тек е лепење на гранит на подовите, а становите на седми и осми кат се во завршна фаза на молерисување. Се монтираат елементите за лифтови. На ламела 3,18 при крај сме со поставување на паркет во домовите.
29.04.2017
На ламела 3,19 се поставуваат паркет лајсни на трети кат. Во тек е завршната фаза на молерисување ѕидови на втор кат. Се поставуваат мермерни окапници на парапет од терасите на јужна и источна страна. Се комплетираат вентилационите канали во гаражата. Фасадата од западна и северна страна се обработува со материјали од производителот Baumit, компанија која гарантирано дава резултати кои траат со години, а Вашиот нов дом го заштитуваат од надворешни влијанија во текот на целата година!
20.04.2017
Во тек е работа на фасадата, се обработува стиропор со мрежа и лепак на северната страна. На ламела 3,19 се поставува вентилација во бањите. Се поставуваат и панични светла и осветлување во ходниците. На ламела 3,18 на четврти кат е комплетирано поставувањето на паркет и внатрешни врати.
14.04.2017
Се поставуваат радијатори и регистри за вода на втор кат. На поткровјето се прават опшивки на парапет со Stirodur. Во тек е поставувањето на паркет на втора ламела, моментално се работи на четврти кат. Се малтерисуваат скалите на втора ламела.
05.04.2017
Објектот полека се приближува до финалниот стадиум на изградба. Оваа недела привршуваме со поставување на бојлери во целата зграда. Се монтираат штекери, а се поставуваат и вентилација и осветлување во гаражата. Се работи фасадата од јужна страна. На ламела 3,18 се поставуваат врати за лифтови по катовите.
30.03.2017
Во тек е обработка на стиропор со мрежа и лепак на јужна страна на фасадата. Се поставува паркет на трети кат на втора ламела. Се монтираат внатрешни врати на втори кат. Се привршува со монтажа на радијатори во становите на шести, седми и осми кат.
23.03.2017
Започнавме со монтажа на врати за лифтовите по катовите на ламела 3,19. На ламела 3,18 се поставува паркет во становите на први кат, додека пак на ламела 3,19 овој процес е скоро завршен. Паркетот е од дабово дрво, трослоен, лесен за одржување и по желба сопствениците може да го обработуват и лакират. Производител е норвешката компанија Boen, која гарантира дека добивате под кој е издржлив и произведен по највисоките европски стандарди – за дом во кој ќе уживате со генерации!
Се поставува и графитен стиропор на фасадата на западна страна. Овој тип на стиропор е дури петпати погуст од обичниот стиропор, па така има многукратно подобри изолациски својства. Ова се фотографиите од оваа недела:
16.03.2017
09.03.2017
На гредите и таваните се нанесува втора рака малтер. Започнавме со поставување паркет и во моментов се наоѓаме на третиот кат. На првиот кат се поставуваат внатрешни врати во становите.
22.02.2017
Во подрумите се местат вентилационите канали. Се изработува противпожарен мост на покривот, а отпочната е и доработка на фасада. На балконите на прва ламела на 6ти кат се поставуваат плочки. Таваните и ѕидовите се измазнуваат површински и молерисуваат со втор слој. Во тоалетите на 3ти кат се поставуваат мијалници.
15.02.2017
На ниво -1 се обработени и молерисани ѕидовите и плафоните. На ламела 3,19 целосно е обработено лифтовското окно, а на истата ламела се лепат плочки на терасите. На ламела 3,18 во тек е обработка и молерисување на ѕидовите на петти кат.
02.02.2017
Се поставуа спуштен плафон Hunter Douglas на 5ти кат на ламела 3,18. На позиција -2 се цртаат зебри во гаражите. Тимот на електричари спроведува кабли до становите, а се поставува изолација од гипс картон околу хидранти и електрични сандачиња на 3ти кат.
25.01.2017
Времето баш и не ни беше пријател во периодот кој измина 😀 Од денес се враќаме на старото темпо за работа, а започнавме со нивото -1 и -2. Се работи на штемување, глетување и молерисување на ѕидовите. Во бањите се поставуваат стаклени паравани, а се позиционираат и главни доводни кабли до позиција на ормари. Ова се денешните фотографии:
20.12.2016
Поставуваме плочки во кујните и бањите на седми кат (прва ламела). На петтиот кат во тек е молерисувањето ѕидови и плафони. На петти кат (втора ламела) се поставуваат безбедносни влезни врати од DiPorte, производител кој гарантира италијански квалитет!
15.12.2016
Започнавме со молерисување ѕидови и плафони прва рака, се работи на вториот кат. Во бањите на втор кат се поставуваат стаклени паравани, а на петти и шести кат се лепат плочки. При крај сме со поставувањето гипсени облоги во ходниците меѓу становите.
07.12.2016
Во ходниците на 7. кат се поставуваат гипсени прегради со дијамантски плочи за подобра звучна и топлинска изолација. Започнавме со местење на влезните сигурносни врати од типот „Ди Порте“. Во моментов и понатаму се работи на обработка на ѕидовите, додека пак во тек е и поставувањето на цевки за одвод.
02.12.2016
На ламела 3.19, на четвртиот кат продолжуваме со лепење плочки. Во ходниците се поставуваат гипсени прегради со дијамантски плочи. Во бањите се поставува кошулица на кадите и сифони, а на ламела 3.18 се обработуваат ѕидовите.
24.11.2016
Погледнете како напредува изградбата на објектот во Карпош:
17.11.2016
На третиот кат на ламела 3,19 се поставува парапет на балконите. Гипсени облоги со дијамант табли се поставуваат во спална и дневна на третиот кат на ламела 3,18, за подбора звучна изолација, на четвртиот и петиот кат се поставуваат плочки и на петиот кат се поставува кошулица во када на ламела 3,19.
09.11.2016
На објектот во Карпош на првиот кат се местат каси за влезни блиндор врати. На четвртиот кат се местат плочки во кујна и купатило. Во тек е глетовањето на тавани и греди во ходниците и припремата за хидрант. Се работи и на гипсената изолација и бандажирање на гипс облоги.
02.11.2016
Се монтираат гипсени подлоги во ходниците. На третиот и четвртиот кат се поставуваат плочки во кујна и купатило. На првиот кат почнавме со глетување и монтирање на спуштен плафон Hunter Douglas во купатило. Се местат и инсталации за машинство и хидранска инсталација.
28.10.2016
Поставивме плочки и цокле на првиот кат на ламела 3,18. На седмиот кат поставуваме кошулица.
21.10.2016
Во Карпош се работи на врзување и испитување на дозни за струја, на третиот кат се местат плочки на ламела 3,19 и на четвртиот кат се поставува облога за подобра звучна изолација изработена од метална конструкција со дијамнтски гипс картон табли.
07.10.2016
Во моментов се поставуваат плочки во кујна и купатило на вториот кат на ламела 3,19. Се поставува и дупла облога на ѕидовите меѓу становите за подобра звучна изолација изработена од метална конструкција со две дијамнтски гипс картон табли и исполна со камена волна. Дрвената конструкција на кровот е изработена, поставивме термо изолација, наместивме даски, и вршиме изѕидување на вентилациони канали.
01.10.2016
Оваа недела во Карпош поставивме кошулица на првиотот кат на ламела 3,18, а на петтиот кат нанесовме машински малтер KNAUF МП 75 на ламела 3,18.
22.09.2016
Во моментот на објектот се спроведуваат цевки за парно до сите станови на првиот кат на ламела 3,18. Со машински малтер KNAUF МП 75 се глетуваат ѕидови на вториот кат на ламела 3,18, и започнавме со поставување на плочки на првиот кат на ламела 3,19.
02.09.2016
Во моментот на објектот на првиот кат на ламела 3,19 започнавме со правење на опшивки на вградените казанчиња во тоалетите, исто така и понатаму се глетуваат ѕидовите со малтер МП 75. Продолжуваме со правењето на кошулици во становите, нашите мајстори се на 5. кат.
27.08.2016
Оваа недела во Карпош нашите мајстори на ламела 3,18, на 3. кат работат со машинско малтерисување со гипсен малтер Кнауф МП 75, додека на ламела 3,19 ги поставуваат ормарите и се монтира доводот за парно на 7. кат.
19.08.2016
Изградбата напредува одлично! Нашиот тим работи со супер темпо. Во моментов се поставуваат ормарите за парно на 6. кат на ламела 3.19, напоредно се поставуваат и ормарите за главниот довод за вода, додека пак на 8. кат на истата ламела се местат вградените казанчиња во тоалетите. На ламела 3.18 во тек е спроведувањето на каблите за струја. Јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба, тие ќе Ви помогнат да го најдете Вашиот нов дом.
26.07.2016
Во Вашите идни домови во Карпош, на ламела 3,19 започнавме со поставување на кошулица во становите, а во тек е и спроведувањето на каблите за струја. За подетални информации јавете се на 070/075 225 888, нашите агенти за продажба ви стојат на располагање.
13.07.2016
И оваа недела продолжуваме со мазнење и пополнување на греди со гипсен малтер Кнауф МП 75, на 8-ми кат на ламела 3,19 се прават припреми за лајсни, додека пак со една од најважните работи, испитувањето на водата сме стигнати до 4-ти кат. Можеби во објектот на ГА во Карпош е вашиот нов дом, затоа закажете средба со нашите агенти за продажба на 070/075 225 888
06.07.2016
Работите на објектот се одвиваат со одлично темпо. Оваа недела на ламела 3,19, стигнавме до 5-тиот кат со машинско малтерисување со гипсен малтер Кнауф МП 75. Погледнете ги новите фотографии направени на објектот.
Закажете средба со нашите агенти за продажба на 070/075 225 888 и пронајдете го својот нов дом од соништата!
20.06.2016
Сè уште работиме на внатрешната ѕидарија во Вашите идни домови! Започнавме и со поставување на ормарите за водовод, а до седмиот кат се поставени основите за главната одводна цевка.
Следете нè и понатаму на нашата веб страна за најновите новости од изградбата, а на нашите Facebook и Instagram профили редовно објавуваме инспирација и совети за удобно и модерно живеење. 🙂
09.06.2016
На ламела 3,18 продолжуваме со внатрешната зидарија на 6ти кат, исто така се работи на фасадната столарија, се ставаат типли за заѕврстување на графитниот стиропор. Започнавме со машинско малтерисување со гипсен малтер Кнауф МП 75. На ламела 3,19 се прави припрема за одвод на вода на првиот кат.
Ова се новите фотографии од објектот:
02.06.2016
Оваа недела на петтиот кат ја поставуваме фасадната столарија на источната и западната страна, а работиме и на внатрешната ѕидарија. Исто така, во тек е и изработката на фасадата чија основа е графитен стиропор, материјал кој има многукратно подобри термо и хидроизолациски својства од останатите типови на стиропор, сè со цел да постигнеме уште подобра енергетска ефикасност во Вашите идни домови.
Ова се новите фотографии од објектот:
27.05.2016
Продолжуваме со поставување на шесткоморните прозорци од производителот Rehau, прозорци со трослојно стакло кое во топлите периоди не ја пропушта сончевата топлина однадвор, а кога е студено надвор не дозволува загуба на топлина од внатрешниот простор. На овој начин може да бидете сигурни дека потрошувачката на енергија за греење и ладење ќе биде минимална!
Во вториот дел од објектот ги монтираме прозорците на четврти и петти кат, додека во првиот дел работиме на внатрешна ѕидарија на четврти кат и поставување на главни вертикали на одвод во тоалетите.
Доколку Карпош е локација по Ваша мерка, јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба, тие ќе Ви помогнат да го најдете Вашиот нов дом од соништата! 🙂
17.05.2016
Кога станува збор за енергетска ефикасност, прозорците се можеби најважниот дел од целото. Токму затоа ги одбравме прозорците од германскиот производител Rehau, компанија со долгогодишна традиција и неспоредлив квалитет.
Во Вашите идни домови во Карпош во тек е монтирањето на прозорци со шест комори и трослојно, четирисезонско стакло кое постигнува енергетска заштеда и до 76%, за дом кој не му штети на семејниот буџет! 🙂
Закажете средба со нашите агенти за продажба уште денеска на 070/075 225 888 и пронајдете го својот нов дом од соништата!
13.05.2016
Изградбата напредува одлично! Нашиот тим работи на поставување на лајсни на гредите и столбовите. На осмиот кат ги поставуваме трослојните Rehau прозорци со посебно трослојно стакло кое Вашите домови ќе ги одржува топли во зима и свежи во лето, а сметките за греење и ладење ќе останат ниски!
На третиот кат ги ѕидаме вентилационите канали со керамички елементи, а се подготвуваме и за поставувањето на фасадата.
Заинтересирани за нов стан? Јавете се на 071/075 225 888 уште веднаш и закажете средба со нашите агенти за продажба кои ќе Ви помогнат да го пронајдете Вашиот нов дом од соништата! 🙂
04.05.2016
Продолжуваме со ѕидање на надворешните ѕидови со Nexe термо блокот на петтиот кат (на ламела 318). Исто така, започнавме со ѕидање на внатрешните ѕидови и се наоѓаме на првиот кат. Во меѓувреме се ѕидаат и вентилациските столбови. Работите одат токму како што треба 🙂
21.04.2016
Поставено е скеле за фасада, па зградата наскоро ќе почне да го добива оној карактеристичен изглед на сите Golden Art објекти! Во внатрешноста се поставува главниот довод за парно, а започнавме и со ѕидање на оџаците. 🙂
12.04.2016
Започнува нова етапа од изградбата на овој објект! Во првиот дел, на ламела 319 е поставено скеле за фасада и во тек е поставувањето на рамки за Rehau прозорци. А во вториот дел, на ламела 318 се ѕидаат надворешните ѕидови на четвртиот кат.
31.03.2016
Со последниот ден од март заокружуваме уште едно поглавје од изградбата на овој објект! Се поставуваат гредите и армирано-бетонската плоча за последниот, деветти кат од вториот дел на зградата, па во наредните денови ќе започнеме со следната фаза.
Следете го нашиот блог редовно за неделни новости, фотографии и видеа од изградбата, а во меѓувреме, разгледајте ги каталозите од сите наши објекти на овој линк.
24.03.2016
Оваа недела ги ѕидаме внатрешните ѕидови на седмиот кат во првиот дел на зградата. Во првиот дел се поставува плочата на кота 19,75, односно седми кат.
Заинтересирани за дом во Карпош? Нашите контакт информации ќе ги најдете тука, јавете се и закажете средба со нашите агенти за продажба 🙂
18.03.2016
Изградбата на вториот дел од објектот е во тек, се поставува плочата за петтиот кат! За повеќе информации, погледнете го следново видео: 🙂
10.03.2016
Веќе се работи на вториот дел од објектот, каде плочата на третиот кат е армирана и подготвена за бетонирање. Во првиот дел на објектот се бетонираат надворешните ѕидови на осмиот кат, и внатрешните ѕидови на становите од третиот кат.
26.02.2016
Секогаш се стремиме да создаваме домови кои ќе Ве поштедат од непотребни стресови. А, што е порелаксирачко од дом кој е топол и во кој не ги слушате соседите? Токму затоа, се трудиме да обезбедиме најдобра изолација, како термичка, така и звучна. Дел од нашиот енергетски ефикасен систем за градба се и Nexe термо блоковите, кои ги чуваат Вашите станови топли и тивки во текот на целата година. Во овој објект, денес со овие блокови ги ѕидаме внатрешните ѕидови на вториот кат.
18.02.2016
И оваа недела работиме деноноќно со цел да ве донесеме уште поблиску до Вашиот дом од соништата во Карпош. Ѕидањето на надворешните ѕидови стигна и до осмиот, претпоследен кат на зградата. Во внатрешноста на становите ги ѕидаме оџаците, а во гаражите нашиот тим ги шелува столбовите.
11.02.2016
Продолжуваме со ѕидање на надворешните ѕидови со Nexe термо блокот, веќе се наоѓаме на седмиот кат! Како што веќе можеби знаете, почнуваме со вести за Вашите домови преку видео содржина, па се надеваме дека и овојпат за Вас имаме вредни информации.
03.02.2016
Ако минатата недела се жалевме поради студенилото, еве оваа недела беше убава за сите – ем топло, ем сончево, а и фино за зимски спортови, доколку уживате во нив. Ние уживавме во работата во Карпош, каде сè уште се работи на надворешните ѕидови. Го користиме Nexe термо блокот со кој нема многу мислење – сигурни сме дека секој дом е соодветно изѕидан и ги исполнува нашите стандарди за енергетски ефикасно градење.
Покрај надворешните во моментов се шелуваат прозорците за поврзување на ѕидаријата. А, за Вашите автомобили да бидат соодветно заштитени и засолнети, почнавме со ископување на просторот за подземниот паркинг. 🙂
27.01.2016
Ниските температури не се никаква пречка за неуморните раце на нашиот тим! Напротив, продолжуваме и понатаму со полна пареа како досега. Откако се поставија бетонските основи на зградата, продолжуваме со наредниот чекор: ѕидањето за чија намена ги користиме најефикасните Nexe термоблокови за градба. Токму овие блокови, во комбинација со другите елементи на градбата, се основа на високата енергетска ефикасност на секој стан поединечно.
Исто така, веќе започнавме со поставување на бетонските столбови за поткровјето. Со функционален распоред и беспрекорна изолација – можете да бидете сигурни дека вашите домови ќе бидат свежи во лето, а топли во зима! Идеално, зар не?
21.01.2016
Доколку патот Ве одвел по улицата Орце Николов во наслебата Карпош 2, сигурно веќе сте го забележале логото на Golden Art и изградбата на новата зграда. Деветкатницата е уште еден кат поблиску до поставување на основите на Вашите домови од соништата – денес се наоѓаме на осмиот – претпоследен кат, а работата продолжува и понатаму со исто темпо. Си одбравте ли стан? Доколку сè уште сте во потрага по совршениот дом за Вас – разгледајте го нашиот каталог. Нашите агенти за продажба ќе одговорат на секое ваше прашање и ќе го претворат купувањето стан во вистинско уживање! 🙂 |
.
14.01.2016
По краткиот заслужен одмор за празниците, како што веќе најавивме – продолжуваме со полна пареа да работиме на Вашите домови од соништата. 🙂
Зградата во Карпош веќе ги постави основите на седмиот кат! Во моментов се шелува плочата, а нашиот вреден тим неуморно, квалитетно и навремено ги исполнува сите зацртани рокови за градба. Прекрасната локација која Ви овозможува брз пристап до училиште, факултет, болница, место за спорт и рекреација, како и највисокиот квалитет на материјалите кои ги користиме ја прават оваа зграда совршено место за Вас и Вашето семејство. За повеќе информации, тука може да ги најдете нашите контакт телефони – јавете се и дознајте повеќе за понудата на станови.
10.12.2015
23.11.2015
Можеби прочитавте минатиот пат, доколку не, време е да прочитате тука – Аеродром доби сосема нов Ramstore супермаркет кој е буквално во домовите на нашите клиенти.
Остатокот од работниот викенд го продолживме во населбата Карпош 2, каде, како што веќе најавивме на Facebook, ги поставивме темелите на нашата нова зграда. Лоцирани веднаш спроти машинскиот Факултет, овие домови ќе го имаат препознатливиот квалитет кој секогаш се стремиме да го подобруваме.
Тимот на архитекти обично сака да ги чува информациите во тајност, но нашиот детективско-блогерски тим, само за вас дознава дека зградата ќе има 8 ката. Во секој од двата влеза ќе има по околу 60 станови со најразлична квадратура и простор распореден ефикасно како никогаш досега, а за тоа ќе се уверите во продолжение.
Како што е редот и македонската традиција, беа испочитувани сите обичаи во поставувањето на темелите – за среќа и градба без проблеми, и хармонија и среќа во секој дом. На крајот сите гости беа почестени со мала вкусна закуска 🙂
Се работи деноноќно, нашите посветени и вредни работници уште еднаш на дело ќе ги покажат своите вешти раце, па ги поздравуваме и им посакуваме целиот процес да тече лесно.
И за крај, како подарок за нашите читатели, од тимот на архитекти урадовме две скици на станови и сега имате прилика да ги видите пред било кој (после ако не ни го читате блогов редовно срам да ви е 😀 😀 )! Првиот има 38 метри квадратни и е совршен за сите со ограничен буџет, но и оние кои се љубители на предизвиците во уредувањето на домот, а вториот е совршено распореден стан од 69 метри квадратни, со три спални соби и две тераси. Грабнете си еден додека сè уште има! 😉