Нови почетоци со Golden Art

DSC_0009
Викендот е време за одмор, но овој викенд за нас беше исполнет со убави вести и нови почетоци. Многумина мислат поинаку, но за нас петок 13-ти е баш среќен ден и токму затоа го вклучуваме во нашиот блог 🙂

На 13.11.2015, ги почестивме нашите клиенти со отворање на супермаркет од брендот Ramstore, поблиску до Вас од кога и да е. Се наоѓа на приземјето на зградата GA02 во населбата Аеродром и во него во секое време ќе можете да ги најдете сите намирници кои Ви се потребни – најсвежи и по најпристапни цени, со многу поволности за редовните купувачи!

Најмногу не радува што веќе не мора да се подготвуваме со часови (освен ако симпатијата живее еден кат подолу па шансите да го/ја сретнете се големи, во тој случај поддотерајте се малку) и да носиме бесконечни списоци за пазарење – маркетот е буквално кај нас дома 😉