Дневникот на една зграда – GA03, Аеродром

Untitled

Објект: GA03
Локација: Ул. „Милан Зечар“ – Аеродром
Број на станови: 85
Височина: 10 катови
Квадратура на станови: 35-103m²
Линк до каталог: GA03

Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.

Оваа зграда е уште еден од нашите објекти кои ги исполнуваат стандардите за енергетска класа А, бидејќи кога станува збор за Golden Art, максималната енергетска ефикасност и безбедноста претставуваат стандард од кој не отстапуваме. Вашата доверба ни значи сè, токму затоа градиме домови кои ќе им служат и на Вашите поколенија! 🙂

02.06.2016

Велат „Сè е добро кога добро ќе заврши“, а ние не би можеле да сме посреќни за тоа! Вчера, на 01.06.2016 одржавме коктел забава на која под мотото „Запознај го својот сосед“, се дружевме и забавувавме со новите сопственици на становите, а им подаривме и едногодишно домаќинско премиум осигурување од компанијата Winner. За фотографии од церемонијата, кликнете тука.
Со ова „Дневникот на една зграда“ за овој објект го затвора своето последно поглавје. Ви благодариме што го поддржувате секој чекор од нашата работа, и Ви благодариме за довербата која премногу ни значи!
Следете го нашиот блог за новости од објектите кои се во процес на изградба, имаме нови фотографии секоја недела, како и еден тон инспирација за уредување на ентериерот. 🙂
IMG_4916

17.03.2016

Со поставувањето на мермерните плочи во ходниците и монтирањето на лифтовите во целост, доаѓаме до крајната фаза на изградбата на овој објект. Наскоро ќе можете да ја започнете својата приказна во Вашиот нов дом од соништата. Повеќе околу новостите погледнете на следново видео:

Време е за уредување! За корисни идеи и инспирација упатете се кон нашиот блог! 🙂

11.03.2016

Безбедноста е секогаш на прво место! Затоа, во Вашите домови вградуваме влезни врати со цврста челична конструкција, со 4 фиксни и 10 подвижни точки на заклучување, огноотпорни над 30 минути, со каса отпорна на деформации.

За удобност при користењето, вратите имаат silent-lock брава, па можете да бидете сигурни дека нема никого да вознемирите при отклучување и заклучување. Влезните врати совршено се вклопуваат во нашиот систем за енергетски ефикасно градење, бидејќи се одликуваат со максимална звучна и термоизолација, што повторно помага да ја постигнеме нашата цел – градење на домови со максимална цврстина, безбедност, домови кои нема да му наштетат на домашниот буџет.

Во овој објект вратите се веќе поставени, а во тек е поставување мермер околу лифтовите во ходникот на првиот кат. Исто така, се работи и на финалната подготовка на лифтовите – денес се монтираат лизгачките врати.

24.02.2016

Уште многу малку време до официјалното отворање на Вашите домови од соништата во GA03! Ја монтираме санитаријата на деветтиот кат, а за останатите елементи на бањата најдобро е да го погледнете ова видео 🙂

Внатрешните ѕидови го добиваат својот завршен изглед, а исто така и монтирањето на паркетот е при крај  – во моментов ги поставуваме дрвените лакирани храстови покрај ѕидовите.

17.02.2016

Во домовите од последниот, 10ти кат, набрзо ќе биде завршено поставувањето на паркетот од норвешкиот производител Boen. Ова е тип на паркет кој го поставуваме во сите наши објекти, a покрај изгледот, цврстината и трајноста, негова позитивна страна е и можноста да го обработувате по ваша желба. Ѕидовите добиваат завршна обработка со поликолор. На влезот на секој дом во моментов ги местиме первазите на влезните врати, кај гаражите ја поставуваме надворешната ограда. Продолжуваме и понатаму со исто темпо, на Вас останува само во каталогот да го пронајдете идеалниот дом за Вашето семејство! 🙂

10.02.2016

Гаражите се подготвени и сите паркинг места се обележани – Вашите автомобили ќе бидат совршено заштитени! Во подрумските простории ги поставуваме плочките, а при крај сме и со поставувањето на плочки и паркет во становите.

Но, имаме уште една вест за Вас! Од денес сите новости ќе може да ги следите и со видео содржина! Се надеваме ќе Ви се допадне 🙂

04.02.2016

Се приближуваме кон финалниот изглед на зградата – во моментов се лепат плочките во ходниците, додека пак во Вашите домови ги глетуваме ѕидовите со уште еден слој био-finish, за секој ден да спиете мирно знаејќи дека Вие и Вашите најмили ги минувате деновите во исклучително здрава средина.

Во семејната мала „фабрика“ за највкусни јадења ги фугираме плочките, додека пак бањите ги добија своите вградени wc-казанчиња, за лесно чистење, одржување и чисти линии кои знаете дека ги применуваме насекаде. 🙂

28.01.2016

Само кратко известување за текот на работата – при крај сме со поставувањето на паркетот во скоро сите домови. Исто така, се работи и на изгледот на ѕидовите, во тек се молеро-фарбарските работи: ѕидовите се глетуваат со најквалитетната глет-маса од Knauf, компанија чие име самото по себе гарантира безбедност за здравјето и врвен квалитет. Боите за ѕид кои ги користиме се од познатиот производител Maxima, а заедно со другите материјали кои ги користиме во текот на изградбата на сите објекти, придонесува кон обезбедување на здрава и удобна средина за живеење – без штетни хемикалии и без непотребна влага.

Во тек е и припремата на лифтовско окно. Сакаме да бидеме сигурни дека нема ни да почувствувате дека во зградата во која живеете нешто се движи. Затоа, како и во сите наши згради, се работи на максимална амортизација на вибрациите на лифтовите, како и звучна изолација која за нас е еден од основните стандарди при градењето – за мирен сон и живот без грижи!

Имате прашања во врска со GA03? Обратете се на нашите агенти за продажба на овие телефонски броеви, ќе одговориме на секое ваше прашање. 🙂

23.01.2016

Денес ви носиме уште убави вести за вашите домови во оваа зграда! Работиме на финесите – подовите ќе блеснат со најквалитетниот норвешки паркет, плочките од италијанскиот производител Idea Ceramica веќе се поставени во скоро сите станови, ја монтираме санитаријата и работиме на поставување на надворешните огради 🙂 Повелете во нашите простории на Ул. Руди Чаевац за сите прашања и детали околу продажбата на станови.

15.01.2016

Секој ден сте сè поблиску до денот кога клучевите од Вашиот дом од соништата во зградата ГА03 ќе бидат во Вашите раце. Во нејзината убава и мирна околина во населбата Аеродром од оваа година е отворен и маркет од брендот Ramstore, па, како што веќе се договоривме – на пазарење отсега се оди исклучиво во пижами и маички за по дома 🙂

Доколку сè уште не го резервиравте Вашето омилено катче во зградата, кликнете тука и разгледајте ја нашата понуда, а на овој линк може да ги добиете сите информации за контакт со нас. Дознајте сè за новите поволности, Ве очекуваме!

01.05.2015

gradenje-307iqzepxxjjrfb9fep534

Со сите сили работиме и на издигнувањето на станбениот објект GA03. Нашите вредни работници полека ја затвораат карабината, со што ја заокружуваме оваа фаза. Компанијата Golden Art ќе продолжи да го вложува своето искуство и традиција во градежниот сектор во двете нови станбени згради, и тоа единствено во функција на квалитетна и навремена изведба на новите станови, на задоволство на нашите клиенти.

04.03.2015

kamen-307iqzsagt543kjvl093wg

Денеска, со свечен коктел и во присуство на бројни гости и деловни партнери, поставивме камен – темелник на уште една станбена зграда во населбата Стар Аеродром, во близината на „Тобако 2“. Врвен квалитет на градба, класа А на енергетска ефикасност и строго почитување на роковите на кои се обврзуваме, традиционално се вредностите од кои не одстапуваме. Инвеститор, проектант и изведувач на објектот е нашата компанија, а со тоа и цврста гаранција за крајниот резултат.

Во овој објект се одлучивме да понудиме исклучително широк избор на квадратури на становите, како би им излегле во пресрет на потребите на што повеќе семејства и поединци. Понудата се состои од 15 различни квадратури, помеѓу 35 и 80 метри квадратни. Населбата Стар Аеродром со својата локација, близината до центарот на градот во комбинација со мирната атмосфера која владее во „спалната соба“ на Скопје, како и одличните сообраќајни врски, е идеална во поглед на домувањето. Големиот интерес на клиентите за купување на стан во овој дел на општината Аеродром е најдобра потврда за предностите и квалитетите кои ги нуди локацијата. Затоа продолжуваме да градиме во Стар Аеродром. Ова е веќе трет наш објект во овој атрактивен реон за домување.