Купувањето стан е една од најважните одлуки во животот. Работиме, размислуваме, штедиме целиот свој живот за да можеме да инвестираме во нов дом. Понудата на пазарот е навистина голема, па разбирливо е што често се среќавате со дилеми при одбирањето нов стан.
Golden Art како компанија постои веќе скоро 15 години, и во текот на сите овие години секојдневно имаме контакт со заинтересираните клиенти и недоумиците со кои се соочуваат. Токму затоа, решивме да составиме кратка листа од најважните прашања кои треба да ги поставите при купување нов дом, покрај стандардните прашања за цената, локацијата и начинот на плаќање.
1. Кои се материјалите кои се користат при изградбата?
Еден стан не е само простор за живеење, тоа е простор каде ќе поминувате голем дел од времето, каде ќе ги имате најважните моменти од животот, каде ќе растат и ќе се развиваат вашите деца. Поради тоа, многу е важно да имате точни податоци околу материјалите кои се користат, нивната безбедност за здравјето на човекот и сертификациите кои ги имаат. Еден објект го сочинуваат сите слоеви, не само површината. Квалитетот на цевките за довод на вода е еден од клучните фактори за квалитетот на водата која ја пиете. Прозорците се меѓу најважните делови од звучната и термоизолацијата на еден објект и мора да исполнуваат одредени стандарди. Малтерот, циглите, глет масите, бетонот – сите овие елементи не се гледаат на површината, но во голема мера влијаат врз квалитетот на еден објект, и амбиентот на просторот за живеење.
Изборот на материјали на еден објект ја зголемува вредноста на станот која ја добивате и на тој начин штедите на долг рок.
2. Дали при изградбата се користи систем?
Еден материјал сам по себе може да биде и најскап, и најлуксузен, но доколку не е вграден на правилен начин, последиците можат да бидат катастрофални. Заради тоа, при изградбата на објектот треба да се применува систем за градба, за секој материјал да е вграден на правилен начин, и да може да се даде гаранција за квалитетот на тој објект.
Во Golden Art, уште од самиот почеток максимално се посветивме на креирањето посебен систем за градба по кој се изградени сите наши објекти. На тој начин сме сигурни дека секој детаљ е на свое место и дека нема простор за грешки. Бидејќи, како и нашето мото, целта ни е да ви понудиме „ДОМ. Не само СТАН.“
3. Колку „троши“ објектот?
Навистина важно прашање од кое ќе донесете заклучок за вредноста на тој дом и за исплатливоста на инвестицијата. Под „колку троши“, подразбираме – колкава потрошувачка на струја ќе имате за загревање и ладење на тој дом во текот на годината. Дали тој дом е енергетски ефикасен и на која класа припаѓа? Објектите од А-класа имаат помала потрошувачка отколку класата B, така што, колку повисока класа – толку поголема заштеда.
4. Каква звучна изолација има објектот?
Вашиот дом е ваш простор за приватност. Нема никаква потреба да го слушате филмот кој го гледа соседот На звучната изолација влијаат материјалите кои се вградени во објектот, така што ова прашање се надоврзува на првото. Покрај очигледните правила за куќен ред кои мора да се почитуваат во однос на вознемирувањето на соседите, самиот објект мора да исполни одредени стандарди за звучна изолација, така што во никој случај не пропуштајте да го поставите ова прашање.
5. Каква хидроизолација се користи за кујната, бањата и терасите?
Влагата е главниот непријател на кујната, бањата и сите простории изложени на вода. Влагата влијае за размножување на габички, мувла и бактерии, кои сериозно можат да го нарушат здравјето на човекот. Исто така, потребно е да се избегнат непријатностите врзани со протекување на вода од еден на друг кат, од една просторија во друга – ова едноставно не смее да се случува.
5. Зошто е одбрана токму таа локација?
Локацијата на која ќе живеете многу ќе влијае на вашето темпо на живеење. Побарајте локација која лесно ве поврзува со главните точки на кои се движите, лесно е пристапна со јавен превоз, има повеќе маркети, градинки, училишта и здравствени установи во непосредна близина, и локација на која ќе можете да се опуштите.
6. Каков систем за греење/ладење има објектот?
Дали домот доаѓа со вклучен систем за греење или ладење? Каков е тој систем? Дали е индивидуален, за секој стан одвоено, или со колективен систем – за целата зграда? Кои се предностите на токму тој систем за греење? Колку се очекува да бидат вашите трошоци врзани за тој систем? Можеби на почеток ви делува неважно, но на долг рок навистина значи да ги имате овие информации.
Ова се нашите предлог прашања кои често ги добиваме од клиентите Навистина ни е драго кога клиентите знаат што е важно за нивниот нов дом, па затоа стоиме постојано на располагање за овие, и сите останати прашања кои ги имате во врска со нашата понуда и процесот на купопродажба.
Добредојдени сте во нашите простории на кафе-состанок од понеделник до сабота, како и телефонски на 071/225-888 и 075/225-888.
Локација: ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7 (позади Тобако 2)
Golden Art
Дом. Не само Стан.