7 предлози за позабавен карантин – #СедиСиДома #ОдНасЗависи

Махери сме за изолација на објекти , но деновиве научивме по нешто и за домашна изолација како една од мерките за заштита од Covid-19 😄
 
Доколку и вие почнавте да размислувате како ли ќе го издржиме овој период до крај – имаме неколку предлози за позабавен карантин во вашиот #ДомНеСамоСтан 🙂
 
Патем, да споменеме дека од денес, освен стандардните телефонски повици, воведуваме и видео повици на кои можете да прашате сè, да дознаете сè, да ги разгледате нашите каталози и да го пронајдете совршеното катче за вас – и сето тоа од удобноста на вашиот дом.

#1 Netflix & Chill

Опушти се колку што можеш – на Netflix сигурно има еден тон серии, филмови и документарци кои не си стигнал/а да ги гледаш.

#2 Зготви нешто вкусно

Сега е супер време да ги испробаш сите оние рецепти за кои немаше време досега. Може да е и нешто покомплицирано од пица 😄

#3 Направи чистка

Фрли/подари се што непотребно стои во плакарите! Ќе се изненадиш од тоа колку подобро ќе се чувствуваш после ваква темелна чистка. Плус, кога веќе чистиш, одлично време е да ги дезинфицираш сите места кои често ги допираш со рака – кваки, славини, прекинувачи за светилки, мобилниот телефон… Уште една добра работа околу изолацијата е дека пролетната генералка можеш да ја поделиш на неколку денови. Практично, нели?

#4 Влези во топ форма

Или остани во топ форма ако веќе практикуваш здрав начин на живот. Ваквото раздвижување, освен здравјето, ќе ти го подобри и расположението!

#5 Покажи што знаеш

Немој да се лутиш на „Не лути се, човеку“, направи најголем монопол на „Монопол“, прошетај се низ светот на „Брза географија“, или измисли своја друштвена игра (со помалку друштво, т.е. домашните!)

#6 Искористи го моментот

Уживај во љубовта, прочитај книга, посвети си време себеси, научи нешто ново за твојата професија, медитирај, цртај, пеј. Помогни си себеси и на останатите, #СедиСиДома, миј раце, не споделувај непроверени информации на социјалните медиуми. Можеби ова е единствена прилика во која можеш да спасиш живот без да мрднеш со прст. И не заборавај, од нас зависи!

#7 Посети ја www.goldenart.mk

Освен содржините околу нашата понуда, на нашата веб страна можеш да прочиташ и убави совети за уредување на домот. Можеби ќе ја пронајдеш инспирацијата за совршено уредување на дневната соба 🙂

За да закажеш видео-состанок, јави се на 071/225-888 (на овој телефонски број сме достапни и преку Viber), 075/225-888 или пиши ни на нашиот Facebook или Instagram профил.
Нашиот тим стои на располагање во рамките на работното време:
  • Понеделник – петок: 08:00-16:00 часот
  • Сабота: 08:00-13:00 часот
Golden Art
Дом. Не само Стан.