EkoLife Pellet: нов еко-живот за Вас!

DSC_7111
Вчерашниот ден го поминавме празнично расположени, но и горди поради раѓањето на нов член на Golden Art семејството – свечено ја пресековме зелената лента на EkoLife Pellet фабриката за производство на пелети во Гиновци, општина Ранковце.
 
Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво. Согласно истражувањата, греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва , па токму затоа од година во година расте нивната употреба во ЕУ.
 
Фабриката EkoLife Pellet ќе работи со капацитет од скоро 3 тона на час и очекуваме дека во периодот кој следува, почетната бројка од 40 директни вработени ќе се искачи на 100, а преку дополнителните вработувања во делот на добавувачи на материјали, фабриката значително ќе придонесе кон економскиот развој на Р. Македонија.
 
EkoLife ги поседува следните сертификати:
– сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015;
– сертификат за систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015
– FSC® Chain-of-Custody – C142648
– Во постапка е и добивањето на сертификатот EN Plus.
 
И покрај различната дејност, EkoLife и Golden Art имаат заеднички вредности – акцент на квалитетот, внимание на секој детаљ и целосно затворен технолошки процес за производство.
 
На отворањето поздравно обраќање имаше Министерот за земјоделство, шумарство, и водостопанство Љупчо Николовски, а присуствуваа Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалникот на општина Ранковце Илија Тошевски, како и дел од раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија.
 
Им благодариме на сите присутни кои одвоија дел од своето време и ни го разубавија денот.
 
EkoLife – нов еко-живот за Вас! 🍃