Пред крајот на првата смена од кампот “Кирил Лазаров 7”, кој се одржува во преубавиот Охрид, подготвивме мало изненадување за младите ракометари и ракометарки. На смеата и забавата им немаше крај кога ги посети Жаре од ТВ емисијата Еден на Еден – одличен повод да направат пауза од исцрпувачките и ефективните тренинзи.
Се дружеа, му даваа совети како да ги подобри своите ракометни вештини, а секако, падна и по некое “селфи” 😀 На крајот на дружбата, ракометарите добија убави Golden Art дресови и се подготвија за крајот на својот престој на кампот, мотивирани да продолжат и понатаму да даваат сѐ од себе за да ја постигнат својата цел!
Вчера, на 24.06.2016, започна втората смена од кампот – нови учесници кои со нови сили ќе го освојат теренот во хотел Аквалина, им посакуваме многу успех!