Уште еден градителски успех на компанијата „Голден Арт“. По една година од поставувањето на камен-темелникот, станарите од нашиот втор објект во населбата Стар Аеродром вчера ги добија клучевите од своите нови домови. За свечениот настан да остане незаборавен во паметењето на нашите верни купувачи се погрижи водителот Жарко Димитриоски од емисијата „Еден на Еден“. Манифестацијата на церемонијалното пуштање во употреба на објектот беше пропратена со пригоден коктел и огномет за многубројните присутни гости.
Успешно реализираниот проект за компанијата „Голден Арт“ претставува континуитет во развојот на системската градба, која гарантира врвен квалитет на она што е изградено. Градбата по систем не подразбира единствено воведување на иновативни градителски решенија спроведени за прв пат на македонскиот пазар, туку и наметнување на високи стандарди на градење. Со нивната примена, добивме уште една станбена зграда во која се имплементирани најстрогите мерки за енергетска ефикасност за објекти од класа-А. Зданието со приземје, девет ката и поткровје има подземен паркинг простор за станарите и хортикултурно уреден простор околу самата зграда.
За да ги постигнеме најстрогите европски стандарди во градежниот сектор, во нашиот втор станбен објект вградивме материјали на познати меѓународни производители: за поцврст и помоќен бетон и до 30% во споредба со обичниот вградивме адитив на бетон од словенечката компанија ТТК, изведбата на надворешните и внатрешните ѕидови ја постигнавме со врвните термо блокови на хрватската компанија „Нексе“, за прв пат во Македонија го употребивме прозорскиот систем ГЕНЕО ПХЦ на германската компанија „Рехау“, при малтерисувањето и глетувањето на ѕидните површини го користевме гипсениот малтер Knauf MP 75 L и Knauf Biofinish на германската компанија „Кнауф“, додека за оптимално решение за хигиенска и трајно сигурна водоводна инсталација го вградивме исклучителниот систем „Rautitan“ на „Рехау“. При изведбата на надворешниот изглед на зградата го употребивме стиропорот УСЈЕПОР ГРАФОПОР, врз која беше изведена Baumit Pro термичката фасада на австрискиот производител „Баумит“.
Во делот на градежно-занаетчиските работи во внатрешноста на објектот, применивме беспрекорна хидроизолација со примена на производите Kema Hidrostop Elastik и Kemacryl на словенечката компанија „Кема“. Во секој стан поставивме првокласен дабов паркет на норвешкиот производител „Боен“, додека на станарите им овозможивме самите да го дизајнираат своето животно катче преку изборот на керамички плочки во бањата и кујната произведени од врвните италијански брендови „Idea Ceramica“, „Baranzoni Ceramiche“, „Area Ceramiche Maranello“ и „Sintesi Ceramica“. Нашиот избор на батерии во бањата беше линијата Ceraplan III од реномираниот производител „Идеал стандард“. На влезот од секој стан е поставена сигурносна врата од цврста челична конструкција со четири фиксни и 10 подвижни точки на заклучување. На вратата од тоалетот вградивме вентилациони решетки и магнетна брава со копче за антипаника за постари лица и деца.
Со вградувањето на сите овие иновативни градителски решенија, компанијата „Голден Арт“ го докажува бескомпромисниот квалитет на новите станови. Препознатливите имиња на вградените производи се вистинска гаранција за удобност и спокој на секој станар. Комплетирањето на изградбата на нашата втора станбена зграда доаѓа во годината кога славиме 10-годишен јубилеј од основањето на нашата компанија, период зад кој оставивме трага во историјата на градежништвото со десетици завршени објекти во земјава и во странство.