Lifestyle блогерката Ерин Хиемстра го „пренатрупала“ својот дом од 83 метри квадратни со многу место за складирање. Го ставаме зборот во наводници бидејќи дополнителен простор никогаш не наштетил никому, зар не? 🙂
Кога Ерин првпат се вселила во станот, местото било полно со големи парчиња мебел и имало портокалови ѕидови кои направиле просторот да изгледа загушено и непријатно. Со цел да го направи своето ново катче поотворено, блогерката смислила интересни решенија за складирање кои ќе го одржуваат домот среден и организиран.
Место за класична канцелариска маса, блогерката одбрала проѕирна стаклена маса која ја сместила позади софата. Додавајќи личен печат на домот, место полици до масата гледаме стари дрвени кутии кои служат за чување на сите списанија на дофат.
Под креветот се кријат фиоки во кои е сместена сета секојдневна и спортска облека на Ерин и нејзиниот маж. На овој начин, парот има повеќе место во гардероберот. Како и секоја жена вљубена во чевли, и Ерин имала проблем со нивното складирање. Сега, тие се уредно наредени на вратата од гардероберот. Просторот кој би го одзеле машина за перење и сушење е мудро и стилски сместен зад завеса која не дозволува грубите апарати да го уништат стилот на уредување на овој дом.
Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!