Кога имате поголемо семејство, навистина е важно секој член на семејството да има свое катче за своите омилени активности. Еднакво важно е домот да има доволно простор за целото семејство да поминува време заедно.
Совршен спој на овие елементи е овој стан од 83 метри квадратни во кој архитектите умешно го испланирале просторот за едно семејство од четири члена.
Дневната соба е поврзана со влезот, кујната и трпезаријата, а основа на дизајнот се нијанси на белата боја, надополнети со контрастни елементи во други бои.
Посебен елемент на овој дом е просторот за двете деца. Иако спијат во иста соба, децата имаат дополнителна просторија за играње, креативност и одмор, па така дневната соба е цело време слободна за релаксација на возрасните.
Кујната, освен што е доста светла и минималистички уредена, има доволно простор за целото семејство да е на едно место додека се подготвува храна, а истото важи и за вечерите кога дома доаѓаат гости – оној што готви нема да пропушти ниту една минута од забавата 😀
Се надеваме дека во галеријата ќе ја пронајдете инспирацијата за вашиот дом. Уживајте!