Оние кои често се селеле или живееле во студентски дом/со цимери, знаат дека нема поголемо уживање од моментот кога можете самите да го уредите своето прво постојано живеалиште. По досадните бели ѕидови, забраната за подрастични измени и слично, конечно можете да ги примените сите, или барем дел од идеите кои ги имате во глава по бесконечното листање списанија или читање на нашиот блог
Секако, секој проект има најдобар резултат кога се работи чекор по чекор (а понекогаш и џебот не дозволува да се заврши сè одеднаш), па затоа денес ви нудиме 9 основни измени кои новиот стан од соништата ќе го претворат во најубавото нешто на светот – само Ваш топол ДОМ
1. Боја
Со изнајмувањето на стан, често доаѓа и забраната да се пребојуваат ѕидовите, или уште помалку – да се стават тапети. Во новиот дом, не се плашете да внесете боја. Било каква боја која му одговара на Вашето расположение и мебелот – ќе го освежи просторот и ќе му ја даде потребната димензија!
2. Додајте соодветни завеси
Завесите го затоплуваат секој простор! Ослободете се од старите хартии и грди платна и почестете се со завеси кои ќе направат просторот да изгледа побогато и стилски.
3. Започнете неутрално, па додавајте храбри и живи бои
Оваа едноставна комбинација е секогаш ин и никогаш нема да погрешите доколку не можете да се одлучите за нешто друго. Ќе изгледа луксузно дури и со евтин мебел.
4. Додајте килими за визуелна поделба на просторот
Тоа е уметност за подовите. Собите кои се збогатени со повеќе слоеви изгледаат потопло од оние обичните. Килимите се одличен начин да ги одвоите деловите на некоја просторија, како и да внесете боја, текстура и разиграност.
5. Пробајте уметност од типот „Направи сам“
Секое уметничко дело кое самите ќе го создадете ќе направи просторот да изгледа уметнички и софистицирано. Доколку не сте многу вешти, доволни ќе бидат и едноставни црни линии на ѕидот за да постигнете стилски ефект, како на сликата.
6. Бидете храбри во малите простории
Поставување на тапет во бањата е многу едноставно решение со фантастичен ефект! На пазарот има толку многу избор, па сигурни сме дека ќе го најдете дизајнот кој е највеќе ви прилега.
7. Избетете осветлување по мерка
Заменете ги обичните светилки со некои уникатни. Од индустриски до луксузен дизајн, изборот е бесконечен!
8. Прекријте сè што не Ви се допаѓа
Кога немате многу пари за нов мебел, а стариот не се вклопува во Вашата замисла, набавете некои интересни прекривки кои прилегаат на Вашиот стил. Само купете текстил и однесете ги на шивач – ефектот ќе биде одличен!
9. Инвестирајте во просторот за спиење
И за крај, но можеби најважно, не штедете на избор на душек и кревет за спалната соба. Сепак, ова е местото каде ја собирате сета енергија за напорниот ден кој ве чека