ЦРНАТА БОЈА КАКО ДЕЛ ОД ВАШИОТ ДЕКОР

Dark-colors-for-interior-decor

Кога станува збор за декорирање на внатрешен простор секогаш бираме бои кои придонесуваат за весела атмосфера во нашиот дом, не обрнувајќи внимание на една боја која е дел од нашето секојдневие. Црната боја зазема сè поголем простор во светот на декорацијата и внатрешното уредување, но само оние кои се смели ја избираат токму оваа боја за водечка во домашниот декор.

Зошто баш црна?

Црната боја е темна боја која лесно се вклопува, па можете на многу лесен начин да ја искомбинирате со светли и неон нијанси кои ќе преовладуваат во Вашиот дом. Комбинацијата на црна со неон доловува шик и модерен изглед, а комбинацијата на црна со бела, кадифено бела, крем и беж ја прави Вашата соба елегантно модерна. Исто така црната боја секогаш оди во комбинација со зелена, жолта, сите нијанси на розева, сина, портокалова, сива, па на тој начин ќе ви биде полесно да го одберете стилот на декорирање .

Дизајнерот на Elle Décor, Дејвид Ман, во една од неговите блог колумни за внатрешно уредување вели дека мебелот во дневната соба треба да биде во црна боја, а пожелно е и еден од носечките столбови во станот или куќата да биде црни.

Но, за да не Ви биде премногу црна собата морате да посветите внимание на најбитниот детал, а тоа е дневната светлина. Доколку во Вашата соба не влегува дневна светлина црниот декор може да создаде темна и депресивна атмосфера во Вашиот стан.