Овој викенд во Прилеп за прв пат во Македонија се одржа Македонското Трофи рели (Macedonian Trophy) со џипови. На релито возеа преку 120 учесници од Бугарија, Србија, Македонија и Холандија. Организаторот, Прилепскиот клуб ,,OFF ROAD” изјави дека од оваа година ќе изгради традиција на одржување на ,,Macedonian Trophy”.
Тимот на Голден Арт со голема чест и задоволство беше дел од овогодинешниот настан, не само како учесници туку и како поддржувачи. Горди сме што сме дел од првото Македонско рели и ќе продолжиме со поддршка на спортовите во Македонија.