Многупати низ блогот сме се увериле дека стилот и големината на просторијата не секогаш мора да одат заедно. Доказ за тоа е и овој дом од 47м2 кој е толку добро декориран, што никогаш не би ни помислиле дека спаѓа во групата на мали станови.
Вешто обоен во сите „нијанси“ на белата боја која тука делува разиграно поради самата употреба на различни текстури и материјали, овој стан воодушевува со својот уникатен стил. Земете си инспирација од галеријата и претворете го и Вашиот дом во ваква светла оаза.