Изведбата на цементната кошулка и монтирањето на прозорското стакло е нашата преокупација на почетокот од ова лето. Изминативе денови го завршивме поставувањето на цементната кошулка на подните површини во станбено – деловниот објект „Golden Art“. Огромното искуство во изведбата на претходни објекти ни помогна за беспрекорна реализација на оваа фаза од изградбата на зградата.
Паралелно работиме и на целосно спроведување на мерките за висока заштеда на енергија во идните станови. Во моментов го монтираме прозорското стакло во рамките на целата зграда. Притоа, користиме првокласни материјали од најпознатите германски и француски производители. Профилите се произведени од прочуената германска компанија Veka, додека стаклото е изработено од мултинационалната компанија Saint – Gobain, глобален лидер во градежништвото со околу 190.000 вработени во 64 држави низ светот.
Полни со елан во работата, успешно ја остваруваме нашата првична желба – да ги подготвиме становите за вселување во период од една година по поставувањето на камен – темелникот. Со гордост можеме да информираме дека станбено – деловниот објект „Golden Art“ кај „Тобако 2“ во населбата Аеродром ќе биде завршен до октомври 2014 година.