Комбинација на современи елементи и антиквитети


559eb6d16a590-01-julia-reed-house-elle-decor-09-12-ykoeu2-xln

Понекогаш треба да излезете од шемите за уредување на просторот и да направите смел потег, а тоа е комбинација на современиот и антиквитетниот изглед. На тој начин можете да придонесете за модерен и луксузен изглед на Вашиот дом.

Во домот на Френк Питер во долината Хадсон, има Корејска таписерија прикачена на ѕидот над софата на која има старомодна француска ленена постелнина. Околу софата и ѕидот има модерна ламба, позадината на ѕидот е со минималистичка сина боја.

Индустриските канделабри како од бандери кои што се прикачени на таванот може да додадат интересен изглед на трпезаријата или на кујната. Во комбинација со минималистичката бела боја даваат чувство на удобност и комфор.

Бања во која има стара комода, фиокари и наткасна за средства за хигиена, во комбинација со модерна бања или џакузи.

Теписони кои ќе додадат контрастни бои. На една страна персиски килим со разни шари, на друга страна црно-бел минималистички теписон.

Во дневната соба, додадете некој стар плакар или пак комода која ќе даде старовремски изглед, но во исто време додадете модерни гаџети.