Совршеното место за започнување семејство

Chic-3-room-apartment-in-Gustavsberg-Sweden-3

Локацијата на овој стан е Густавберг, Шведска, и по сликите кои следуваат, се надеваме ќе посакате да го пренесете ентериерот во својот дом.

Свесни за важноста на започнувањето семејство, дизајнерите обрнале внимание на приспособувањето на секој детал од овој трособен стан кон потребите на едно мало семејство. Ентериерот е пријатен и украсен со весели бои, за топлината која домот мора да ја нуди.

Белите ѕидови го истакнуваат дезенираниот, разнобоен тапет, креирајќи релаксирачко место за дружење и игра, додека трпезаријата во кујната е врамена со тапет во геометриски форми. Главната спална соба е поделена на место за спиење и место за работа, вклучувајќи го String системот на полици и нагласувајќи го минималистичкиот скандинавски декор. Во детската соба, сивите ѕидови се декорирани со рамки исполнети со сложувалки, хартиени фигури и многу други разнобојни детали.

Инспиративно, зар не?

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!