Шведски дом освежен со детали во боја

ah1b

Доколку внимателно нè следите, дури и при првиот поглед на било која од овие фотографии, веднаш ќе Ви стане јасно дека домот кој и го носиме денес како инпирација доаѓа од нам омилениот Стокхолм. Целосно гледано, Скандинавија е земја чии архитекти и дизајнери на ентериер умеат многу вешто од едноставни детали да создадат совршенство кое и покрај светлата основа, оддава чувство на топлина и удобност.

Швеѓаните велат дека тајната е токму во светлата основа која понатаму служи како основа за неколку впечатливи елементи, не повеќе од 5 или 6 во целиот дом кои ќе служат како центар на вниманието. Исто така, неизбежен дел од секој шведски дом се дрвениот под и растенијата чија намена е да внесат парче од природата внатре во домот. Овој стан како акцентска боја ја прикажува портокаловата која одлично го надополнува мебелот и останатите елементи, а забележуваме и неколку предмети во друга боја.

Во голем град како Стокхолм тешко се наоѓа голема тераса, но затоа секоја од малите терасички е претворена во стилско место за одмор со помош на креативни решенија кои или се купувааат или се плод на успешен „Направи сам“ проект. Повеќе совети за уредување на терасата ќе најдете тука.

Уживајте во галеријата! 🙂