Без разлика на тоа дали се вселувате во нов стан или сте решиле да го реновирате стариот, прво што треба да одлучите е тоа со какви бои и нијанси ќе уредувате. Откако ќе ја одберете вистинската нијанса која најмногу Ви се допаѓа и откако ќе го средите целосно Вашиот дом доаѓа моментот кога треба да се одлучите за декорот на прозорците.
Кога станува збор за нови завеси, навидум лесна одлука, но кога и да влеземе во продавница за завеси се задржуваме повеќе од доволно бидејќи е многу тешко да се одлучиме за една нијанса или дизајн. Во оваа галерија која ја одвоивме денеска за вас има повеќе видови на дизајни на завеси за различни комбинации на бои и нијанси. Уникатни, ведри и разиграни бои пренесени на платно и даваат посебен дух на Вашата соба.
Пред да отидете да се подновите со нова завеса погледнете ги сликите и одлучете кој дизајн најмногу се вклопува во Вашиот дом и одлуката е донесена! 🙂