Планинска идила во срцето на Куршевел – Chalet La Grande Roche

Chalet-Grande-Roche-01

Денес ви носиме дизајн кој ќе ве замрзне и затопли во исто време. Кога ќе читате, имајте во предвид дека нашите блогери оваа објава ја пишувале на температура од +40 степени во жешкото Скопје, пред почеток на летните одмори, па оттаму не е ни чудо што добиле инспирација од зимски слики 😀 

Chalet стилот на уредување можете лесно да го искористите при уредувањето на било кој простор, доколку сакате цела година да се чувствувате како да сте на зимски одмор некаде на Алпите. Наша денешна инспирација е Chalet La Grande Roche во Куршевел, Франција. Не можеме да ја дефинираме како викендичка поради фактот што ова здание има површина од над 700m2! Со шест спални соби, внатрешен базен, спа, кино сала и послуга со приватен француски готвач, сосем јасно е дека оние кои можат да си дозволат, навистина ќе уживаат во секоја секунда помината тука.

Можеби во нашите домови ги нема сите овие „алатки“ за уживање, но доколку една работа можеме да украдеме – тоа е стилот на уредување. Дрвената основа е носечки елемент на дизајнот, а едноставноста на дрвото е збогатена со парчиња мебел кои изгледаат модерно и екстравагантно, како и сјајни детали од материјали како стакло, кристал и метал кои додаваат луксуз на целината.

Внатрешниот базен делува едноставно и удобно, а посебен печат остава и нишалката на средина на просторијата. Кој не би сакал да ужива тука?

Спалните соби го следат дизајнот на домот и се уредени во неутрални тонови. Кино салата, пак, е доста контрастна со црната боја како доминантна во просторот, но сепак ја има екстраваганцијата на целиот дизајн.

Погледнете ја галеријата: