Планирањето на распоредот на мебел во голема дневна соба често е предизвик, особено кога треба да се балансираат функционалноста и изгледот. Сопствениците на овој дом се одлучиле за овој дизајн кој е поблага верзија на индустрискиот стил на уредување, со оглед на тоа што содржи елементи од цигла, дрво и метал, но сепак секој елемент прилега на семеен дом.
Семејството кое живее во овој дом поминува доста време заедно во дневната како семејна соба, па токму затоа се одлучиле за отворен распоред, спојувајќи ги дневната, кујната и трпезаријата во една просторија, а мебелот го искористиле за создавање визуелна поделба на просторијата.
Кујната се издвојува од дизајнот бидејќи едноставна, бела и со строги линии – дизајн кој обезбедува лесно одржување за времето поминато во кујна да се сведе на минимум, а времето со семејството комплетно да се искористи.
Дневниот престој се издвојува по акцентскиот ѕид направен од стари цигли наредени во цик-цак шема. Софата е сина и одговара на седиштата на белите трпезариски столици. Оваа боја го освежува просторот и прави да изгледа поудобно.
Подот и дел од столбовите се прекриени со дрво во топли тонови кои дополнително придонесува за удобноста и топлината во домот кој инаку би изгледал престрого.
Погледнете ја галеријата и земете инспирација: