Просторот за складирање во секој дом е можеби оној дел од целото на кое мора да му посветите најмногу време при планирањето. Успешната организација на предметите и гардеробата во голема мера ќе Ви го олесни секојдневието и ќе Ви помогне да го избегнете непотребниот додатен стрес во моментите кога брзате, а не можете ништо да најдете 🙂
Овој одличен плакар на прв поглед изгледа прекомплицирано за денешните македонски станови, но во суштина, доколку добро го испланирате просторот, и Вашиот дом може да добие ваков луксузен upgrade. При монтирањето, дозволете им на Вашите предмети да го диктираат распоредот на фиоките и полиците. Така – ако сте зависни од чевли, повеќе место одвоете за затворени ормарчиња во целиот плакар, доколку имате премногу палта, кошули, јакни – оставете повеќе простор за закачување. Планирајте мудро и создадете катче во кое подготвувањето за секој нов ден ќе Ви биде задоволство! 🙂