Њујоршка симпатична и практична кујна која ќе Ве освои

design-modern-kitchen

Оваа кујна која зрачи со светлина и чисти линии, е сместена во стан во луксузниот дел на Менхетен, Њујорк, на неколку чекори од Централ Парк.

Дизајнерката Сесилија Дупир, го преуредила претходно замислениот простор според желбите на клиентот чие барање било кујната да биде отворена , светла и модерна, со доволно простор за складирање, но и доволно топла за семејството и пријателите.

Целта на целиот проект била поголема од само освежување на кујната; повеќе од тоа – кујната требало да се претвори во мултифункционален простор кој ќе вклопи и трпезариска маса.

Воодушевувачки е начинот на кој дизајнерката го испланирала просторот за складирање – секој сантиметар е наменет за соодветен предмет, едноставните бои прават сè да изгледа совршено средено.