Охрид во јуни ќе биде град-домаќин на вториот ракометен камп “Кирил Лазаров 7”. Кампот ќе се одржува во две смени во комплексот на хотелот “Аквалина”: првата од 17 – 23 јуни, а втората од 24 – 30 јуни. На овој камп младите со талент за овој спорт ќе имаат шанса да учат од најдобрите, со Кире Лазаров како нивен пример и главен мотиватор.
По тој повод организаторите на кампот заедно со соработниците се собраа во Сити Мол и ја обелоденија замислата за овогодинешната програма на која ќе земат учество стотици млади ракометари од цела Европа.
Ѕвезда на денот секако, беше Кире Лазаров кој посочи колку голема чест му преставува тоа што овој проект продолжува и оваа година благодарение на повеќе компании.
На прес конференцијата се обрати и Роберт Јакимовски, техничкиот директор на нашата компанија, која се јавува како една од главните фирми-помагатели на овој камп.
„Со Кире делиме исти вредности, како компанија во многу наврати сме ги помагале младите и во ниеден момент не се двоумевме дали да бидеме партнери при организацијата на овој одличен проект”, со гордост изјави Јакимовски.
Се надеваме дека примерот на Кире Лазаров и Golden Art ќе го следат многу други македонски спортисти и успешни фирми и дека ќе ја увидат потребата и перспективата во инвестирање и градење на успешна спортска иднина во нашата држава! 🙂